Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Таткото и двете ќерки добија кривична за претепување 67-годишна жена во Кривопаланечко

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Македонија
media-libraryjc3e2i7om6bh7dRfD3V
screenshot youtube

Тројца жители на кривопаланечкото село Жидилово, татко и неговите две ќерки, добија кривична пријава поради сомнение дека претепале 67-годишна жена од селото Дрење. Инцидентот се случил по расправија поврзана со добитокот што слободно се движел во околината.

— реклама —

Според информациите од МВР, на 21 ноември 2026 година, околу 9 часот, додека жената го напасувала својот добиток, пријавените најпрво влегле во расправија со неа, а потоа физички ја нападнале и ѝ нанеле тешки телесни повреди.

— реклама —

Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка. ОВР Крива Паланка поднело кривична пријава против Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31) за сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

— реклама —
media-library35bmmosm59i9dYjJY5q

Жена од Паланка пријавила дека членови на семејството кое ги имаше кравите ја натепале и ѝ нанеле скршеница

Жена од Крива Паланка вчера пријавила дека била натепана од Гоце, Андријана и Ана-Марија од Паланка, кои се екссопственици на кравите, кои сега се одземени од АХВ. Според пријавата, жената има тешка повреда, односно скршеница. „На 21.11.2026 во 09:00 часот во ОВР Крива Паланка, Д.Д.(67) од село Дрење, кривопаланечко пријавила дека во село Дрење била физички нападната од Г.Ѓ. А.Ѓ. и А.Ѓ. поради недоразбирање околу крави кои правеле штети, при што и нанеле тешки телесни повреди констатирани во З

Македонија | пред 2 дена

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd2d5522auidoaFzSLcT

Семејството кое ги имаше кравите натепа жена - Митовски реагира: „Што уште треба да се случи?“

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library35bmmosm59i9dYjJY5q

Кравите ги седнаа на иста маса Општина Крива Паланка и Министерството за земјоделство, се бара решение

Македонија | пред 5 дена

media-libraryejnfhvs3a6dr87f4kBe

ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план за решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка

Македонија | пред 6 дена

media-librarypc4a9013mgomagcph8X

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка алармира: Кравите низ градот ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања