Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Кравите ги седнаа на иста маса Општина Крива Паланка и Министерството за земјоделство, се бара решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Македонија
media-library35bmmosm59i9dYjJY5q

Проблемот со неконтролираното движење на кравите на територијата на Општина Крива Паланка беше тема на координативен состанок што денеска се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со учество на претставници на повеќе надлежни институции и локалната самоуправа.

На состанокот присуствуваа министерот Борче Серафимовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Јовица Андовски, директорката на Агенцијата за управување со одземен имот Ирена Илиевска, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, претставници на Министерството за внатрешни работи и национален координатор од Владата.

— реклама —

Општина Крива Паланка ја претставувале градоначалникот Сашко Митовски, командантот на Општинскиот кризен штаб и претседателот на Советот, Миле Трајковски.

Разговорите биле насочени кон усогласување на постапувањето на институциите и утврдување заеднички чекори за заштита на безбедноста, здравјето и имотот на граѓаните.

— реклама —

Координацијата ќе продолжи и утре, кога се очекува усогласување на заеднички став и утврдување на следните активности. Од Општината најавуваат дека јавноста навремено ќе биде информирана за исходот од разговорите и договорените мерки.

— реклама —

Општина Крива Паланка, како што наведуваат, останува посветена на соработката со надлежните институции со цел трајно решавање на проблемот.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryejnfhvs3a6dr87f4kBe

ВМРО-ДПМНЕ предлага акциски план за решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypc4a9013mgomagcph8X

(Видео) Градоначалникот на Крива Паланка алармира: Кравите низ градот ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Македонија | пред 2 дена

media-libraryejnfhvs3a6dr87f4kBe

(Видео) Проблемот со кравите во Крива Паланка стигна и до странските медиуми

Слајдер | пред 5 дена

media-library653pu1mkhco33a4WL07

(Видео) Наместо во кланица, добија слобода: Погледнете ја реакцијата на кравите кои првпат трчаат по трева

Вирално | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања