Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Кравите повторно ги кренаа граѓаните на протест: Турканица со полицијата во Крива Паланка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 57 минути -

Македонија
media-library29uafods3lq8a42gZPx

Денеска во Крива Паланка се одржа протест поради проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ градот и околината, предизвикувајќи револт кај дел од жителите. Протестот бил проследен со турканица меѓу неколку граѓани и полициските службеници кои го обезбедувале просторот. Засега не е познато што ја предизвикало турканицата.

— реклама —

На протестот присуствуваа градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и пратеникот од Левица, Борислав Крмов. Крмов бил зад полицискиот кордон, заедно со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ.

— реклама —

Протестот го најави градоначалникот Митовски, кој вчера на социјалните мрежи објави фотографија од подготовките и порача дека нема да ги остави граѓаните сами во барањето решение за проблемот.

Причина за револтот е долгогодишниот проблем со повеќе од илјада крави кои слободно се движат низ Крива Паланка. Жителите се жалат на уништени земјоделски посеви, оштетен имот и загриженост за безбедноста, додека бараат надлежните институции да преземат мерки.

— реклама —

Од Левица обвинија дека институциите не постапуваат и покрај тоа што, како што наведуваат, за добитокот постојат решенија за одземање уште од 2024 година. Според партијата, граѓаните се принудени да протестираат бидејќи досега не било најдено решение за проблемот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2d5522auidoaFzSLcT

„Човек да не знае со кого попрво да се бори – со кравите или со ВМРО Паланка“, вели Митовски

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarygptgdutll70g6CUQ2Xb

Митовски до ВМРО-ДПМНЕ за проблемот со кравите: „Ваквото поигрување со маката на луѓето е понижување за секое семејство што трпи штети и за целиот град“

Македонија | пред 3 дена

media-librarylfgcalgfff5g00kmrya

(Видео) Кравите од Крива Паланка почнаа да шетаат и низ училишен двор, градоначалникот алармира дека ова е опасност за децата

Македонија | пред 4 дена

media-librarygptgdutll70g6CUQ2Xb

Доколку Владата му ги обезбеди потребните законски овластувања, проблемот со добитокот ќе го реши за 10 работни дена, тврди градоначалникот на Крива Паланка Митовски

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања