Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Митовски: Светските медиуми известуваат за состојбата во Крива Паланка, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ не поддржаа барање за помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 33 минути -

Македонија
media-librarygptgdutll70g6CUQ2Xb

Состојбата во Крива Паланка во изминатите два дена привлече внимание на медиуми од најмалку 15 земји, а градоначалникот Сашко Митовски реагира дека, додека веста се шири низ светот, граѓаните и понатаму се соочуваат со последиците и ги бројат штетите.

— реклама —

Во својата објава, Митовски наведува дека за состојбата известувале „Еуроњуз“, „Африканјуз“, „Ал Џезира Балканс“, „Асошиејтед прес“, „Вашингтон пост“, ABC News, британскиот Channel 4 и бројни други медиуми од САД, Канада, Шпанија, Швајцарија, Перу, Парагвај, Малезија, Нов Зеланд и повеќе европски земји.

— реклама —

Тој посочува дека на седницата на Советот на Општина Крива Паланка бил предложен заклучок со кој Советот би побарал од Владата да прогласи кризна состојба и да обезбеди помош за граѓаните. Според Митовски, советниците од ВМРО-ДПМНЕ не го поддржале предлогот.

— реклама —

„Како ќе им објасните на луѓето што трпат штети зошто не го поддржавте барањето за помош? Кого штитите и чии интереси браните?“, прашува Митовски.

— реклама —

Тој повторно бара Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, а Агенцијата за храна и ветеринарство веднаш да постапи по донесените решенија, да започне организирано згрижување на добитокот и да се најде трајно решение за проблемот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeldb2i2oo7iv6dPy0OT

Митовски по соопштението од матичната СДСМ: Ова е мој дом, ќе ја заштитам Крива Паланка

Македонија | пред 6 месеци

— реклама —
media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

Градоначалникот на Паланка до АХВ: Излезете на терен и решете го проблемот веднаш, или ќе ги искористам сите правни механизми за утврдување на одговорност

Македонија | пред 8 месеци

Sasko-Mitovski-gradonacalnik

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка, овозможил доградба без важечко одобрение!

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања