„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Градоначалникот на Паланка до АХВ: Излезете на терен и решете го проблемот веднаш, или ќе ги искористам сите правни механизми за утврдување на одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, ги отфрли обвинувањата од АХВ и ја повика агенцијата веднаш да ги преземе кравите за кои има правосилно и извршно решение за одземање, кое, според него, не е спроведено повеќе од две години (правосилно од април 2024). Тој предупреди дека добитокот со години предизвикува штети на јавни и приватни површини, ја загрозува сообраќајната безбедност и доведува до страдање на животни. Нагласи дека единствено АХВ е надлежна за одземање, додека општината поднела стотици пријави и нудела логистика, но нема да преземе туѓи надлежности. Митовски најави правни механизми за одговорност на институцијата, а ако нема постапување – повик до граѓаните за мирни протести и граѓанска непослушност до целосно спроведување на решението.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначаникот на Крива Паланка, Сашко Митовски на денешната прес-конференција реагираше на обцинувањата од АХВ и ја повика агенцијата да ги преземе кравите за кои како што вели тој има донесено правосилно и извршено решение за одземање. Тој вели дека решението повеќе од две години не е спроведено.

— реклама —

„Не може да постои одземање на хартија, а одговорноста да остане кај некој друг. Две години се повеќе од доволно. Сега е време за постапување. Поминаа цели две години откако агенцијата донесе правосилно и извршено решение за одземање и заловување на добиток којшто повеќе од една деценија предизвикува сериозни штети на Крива Паланка. Две години тоа решение останува неспроведено.

Во меѓувреме се уништуваат јавни површни, се уништуваат приватни имоти, се загрозува сообраќајната безбедност, граѓаните трпат значителни материјални штети, а стотици животни страдаат. Ова повеќе не е административна слабост, туку ова е неодговорност на една институција.

За да бидеме целосно јасни, на 5 март 2024 година Комисијата за одлучување по прекршок при Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со коешто утврди прекршок и согласно член 36 од законот за заштита и благосостојба на животните изрече мерка за одземање на животните. Решението е правосилно и извршено од април 2024 година и до денес истото не е спроведено“, изјави градоначалникот.

Тој праша што ја спречува самата институција да го спроведе сопственото решение?

„Ако мерката е изречена, дали тие животни понатаму се сопственост на истите лица или по сила на правосилното решение, тие формално-правно преминуваат во одговорност на самата институција која ја донела таа мерка. Ако се одземени, тогаш истите мораат да бидат и преземени. Ако не се, тогаш зошто постои правосилно-извршно решение. Вистината е следна. Вие, како Агенција за храна и ветеринарство, сте директно надлежни за инспекциски надзор и за утврдување на прекршоци врз благосостојба на животните.

Согласно член 36 од Законот за заштита и благосостојба на животните, единствено Агенцијата за храна и ветеринарство има право да донесе решение за одземање на животни од несовесни одгледувачи. Решението во случајот е донесено пред цели две години, а истото е и правосилно и извршно.

Надлежностите на Општината пак се кристално јасни и сосема други, и истите се пропишани од законите од областа на локалната самоуправа. Општината не е Агенција, ниту пак оперативно тело коешто има намена и основна дејност да постапува во вакви случаи и да отстранува добиток на јавни површни.

Општинскиот инспектор може да контролира и да забрани напасување и движење на крупен добиток на јавни површни, а согласно член 33 од истиот закон предвидена е глоба од 40 евра во денарска противредност.

За волја на вистината, од страна на Општината, од јануари 2022 година до денес се доставени стотици пријави и иницијативи до надлежните институции. Поднесена е кривична пријава за мачење на животни, собрани се докази за материјални штети и загрозување на безбедност. За да немаме дилеми, во изминатиот период Општината понудила логистичка поддршка, транспорт, координација и привремено сместување.

Но ние не можеме и нема да ја преземеме туѓата законска надлежност. Агенцијата за храна и ветеринарство мора веднаш да го спроведе сопственото, правосилно и извршно решение. Не со ново соопштение за медиумите, не со ново одлагање туку на терен.

Престанете со игнорирање, манипулација и одлагање. Почнете веднаш со решавање на проблемот во координација со општината и локалните ресурси. Престанете да ја замајувате јавноста. Излезете на терен и решете го проблемот веднаш и ургентно.

Времето за изговори заврши. Време е институциите да покажат дека се во служба на граѓаните. Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за утврдување на одговорност за непостапување на една државна институција. Доколку самата институција не постапи, ќе ги повикам граѓаните на мирни и достоинствени форми на граѓански протести и граѓанска непослушност, се додека дека решението не биде целосно спроведено“, додаде тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Градоначалникот, ако сакаше до сега ќе го решеше проблемот со кравите, вели АХВ по драматичната акција во Крива Паланка

Македонија | пред 1 ден

media-libraryfbmmq0k2d4ukc5XhxFP

„Треба да има домашен притвор и за кравите, кој им гарантира безбедност и дека нема да завршат во месара?“, кравите и Груби се топ тема

Коментари | пред 2 дена

media-library66beptcd7osj6m6S36j

„Предизвикаа паника кај кравите, па ме уапсија мене“, вели Јулијана, која ги напасувала кравите кои ги бркаше АХВ со МВР

Македонија | пред 3 дена

272221174_1123584345105622_1125979458684620033_n

Кравите ги вадат жителите на Крива Паланка на протест

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања