Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Кравите од Крива Паланка одат во затворите во Идризово и Прилеп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 44 минути -

Македонија
media-library4rc25uv1656d2PtP2Zw
Илустрација / Скопје1

Започна оперативното спроведување на Акцискиот план за отстранување на добитокот од подрачјето на Крива Паланка, во кој се вклучени седум државни институции.

— реклама —

Според планот усвоен од Владата, одземените животни во почетната фаза ќе бидат сместени во казнено-поправните домови во Идризово и Прилеп. Министерството за земјоделство информира дека на состанокот на Координативниот штаб веќе биле утврдени конкретните активности и обврски на институциите.

— реклама —

Следниот чекор е мапирање на локациите на кои се наоѓа добитокот, со цел да се утврдат неговиот број, распространетоста и пристапноста на теренот.

Се разгледува и можноста, во согласност со законските прописи, дел од животните да им бидат отстапени на здруженија на сточари и млади сточари.

— реклама —

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски истакна дека целта е трајно надминување на проблемот, заштита на граѓаните, нивниот имот и земјоделското производство, со истовремено почитување на здравствените стандарди и благосостојбата на животните.

— реклама —

Во акцијата се вклучени Министерството за земјоделство, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Бирото за процена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarytvmsd8b75tdedc6gOEW

Ја нападнале, влечеле и туркале по расправија за крави, па се здобила со скршеница на ногата - кривична за семејството кое го имаше добитокот во Крива Паланка

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryejnfhvs3a6dr87f4kBe

По две години барања, Владата ги задолжи институциите да преземат мерки за проблемот со кравите во Крива Паланка

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhd47638n5tu400TWEVW

МВР со детали за турканиците меѓу граѓаните и полицајците на протестот во Крива Паланка

Македонија | пред 6 дена

media-library29uafods3lq8a42gZPx

(Видео) Кравите повторно ги кренаа граѓаните на протест: Турканица со полицијата во Крива Паланка

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања