Доктор Беќаровски до комисијата за заразни болести: Одлуката за 45 дена заменете ја со логичните 9-12 месеци, прележаните имаат имунитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
nikola-bekjarovski-960x621

Доктор Нико Беќаровски на социјалните мрежи објави статус во кој ги повика колегите од Комисијата за заразни болести да ја корегираат својата одлука која се однесува на прележаните од Ковид-19, кои според последните владини мерки меѓудругото можат да влезат во објекти само во првите 45 дена по оздравувањето од вирусот.

— реклама —

“Почитувани колеги, членови на здравствената комисија, Ве замолувам! На првиот состанок ревидирајте ја бесмисленоста на одлуката ЗА ВИСТИНСКИ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ОД КОВИД-19 и 45 дена заменете ги со логичните 9-12 месеци. Тие луѓе веќе поминаа една голгота, ИМААТ ИМУНИТЕТ и не ги терајте со сила во прегратките на антиваксерските промотори. Одлуката еден ден по прва доза да се имаат сите права е медицински и епидемиолошки неиздржана и е погрешен начин за стимулација на вакцинацијата !!!!

— реклама —

Драги колеги, да останеме тоа што најдобро го знаеме, ДОКТОРИ, а не политиканти!!!“, пишува тој

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања