„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Доктор Јота оставен од државата откако беше прегазен: Неподвижен бев пет месеци, во Љубљана платив 12 000 евра, но застанав на нозе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
d-r-gorgi-jota

Професорот на Медицински факултет и дигестивен хирург доктор Ѓорги Јота за „Слободен печат“ раскажува со какви проблеми се соочувал за време на неговото опоравување откако малолетник без возачка дозвола го прегази на пешачки премин кај Клиничкиот центар.

— реклама —

Несреќата се случи пред неколку месеци кога доктор Јота, бил во посета на пациенти кои ги оперирал. При заминување од Клинички беше прегазен од 16 годишник без возачка дозвола и тешко повреден.

Малолетникот уште не е осуден, а доктор Јота од свој џеб за рехабилитацијата во Љубљана платил 12 илјади евра, бидејќи формално правно, како што навеле правниците на ФЗОМ, рефундација не му следувала за рехабилитација, вели тој за „Слободен печат“ Меѓутоа самата рехабилитација во Љубљана, за него била и лекување, затоа што благодарение на методата што ја користеле тамошните доктори, успеал да прооди за само два дена. Истото не можел да го направи во Македонија со месеци.

— реклама —

Тој за „Слободен печат“ вели дека после 35 години хируршка работа и спасени илјадници животи, смета дека заслужил не отстапка, туку да се олеснат условите за неговото лекување во Љубљана, наместо да се занимава со бирократски процедури.

Целиот текст може да го прочитате на Слободен печат

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања