„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Доктор Пановски советува: Не брзајте да проверите антитела по вакцинацијата има лица кои на вакцината реагираат само со клеточен имунитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
panovski

Не брзајте да проверите антитела по вакцинацијата. Oва категорично го тврди докторот Никола Пановски кој во изјава за Скопје Инфо вели дека проверката на антитетела по вакцинација не се препорачува во светски рамки, а и кај нас, иако тоа не е штетно, напротив е корисно.

— реклама —

Ако се препорача од здравствените власти, треба и да се обезбеди бесплатно тестирање. Тоа е веќе сериозен трошок, сличен на трошокот за вакцината. Ако вакцинираме по 15000 лица дневно, верувајте многу посложено е на тие 15000 по месец дена од втората доза, во еден ден, да им се земе крв, истата да се центрифугира, во рачни процедури да се оддели серумот, па потоа да се стави во апарат. Скоро неизводливо, а и реков скапо колку и вакцината, додава Пановски.

Тој вели дека тестот за антитела може даде јасна слика за тоа дали делувала вакцината, но има лица кои на вакцината и на инфекцијата реагираат само со клеточен имунитет.

— реклама —

Ако има антитела над референтните вредности, особено ако се тие многу над референтната вредност, јасно е дека вакцината „се фатила“. Организмот ја препознал и реагирал на неа, вели Пановски.

Текстот во целост на: Скопје Инфо

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања