Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Докторка предупредува: Ова се суптилните симптоми на дијабетес што многумина ги игнорираат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Магазин
dijabetes

Докторката Рај Арора предупредува дека одредени суптилни симптоми може да укажуваат на дијабетес, но често остануваат незабележани бидејќи многумина ги припишуваат на замор или на секојдневни тегоби.

Во видео објавено на платформата ТикТок, таа истакна дека дијабетесот често се развива постепено и може да остане недијагностициран со месеци, па дури и со години, поради што е важно навремено да се препознаат предупредувачките знаци.

Еден од најчестите симптоми, според докторката, е постојаното чувство на жед. Овој симптом често е проследен со зачестено мокрење, што може да биде показател за зголемено ниво на шеќер во крвта.

— реклама —

Арора посочува дека упорното чувство на замор, дури и по оброк, исто така може да биде знак за дијабетес. Дополнително, повремено заматување на видот, кое се појавува и исчезнува, може да биде поврзано со промените на нивото на шеќер во крвта што влијаат врз очите.

— реклама —

Како уште еден можен предупредувачки знак, таа го наведува и бавното зараснување на исекотини и рани. Кај некои луѓе може да се јави и чувство на глад кратко време по јадење, иако докторката нагласува дека овој симптом не е присутен кај сите лица со дијабетес.

Од друга страна, кашлицата и покачената телесна температура, според неа, најчесто не се поврзани со дијабетес.

— реклама —

Лекарите советуваат секој што ќе забележи некој од овие симптоми да се консултира со својот матичен лекар, со цел навремено поставување дијагноза и започнување соодветен третман.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

dijabetes

Ако се будите со овие три симптоми, посетете лекар што е можно побрзо

Магазин | пред 1 месец

dijabetes

Се алармира за сериозен недостиг на антидијабетни лекови и помагала во Македонија

Македонија | пред 3 месеци

krv-karpos-3

Лицата со крвна група Б имаат зголемен ризик од дијабетес тип 2

Магазин | пред 3 месеци

dijabetes

Дијабетичарите бараат современа терапија, Таравари се правда дека тендерот е завршен

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања