Докторката Пешевска призна вина во „Онкологија“, ексдиректорот Васев не се чувствува виновен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
nino

Специјалист докторката Мери Пешевска од одделението за малигни тумори на дојка призна вина во случајот „Онкологија“, додека поранешниот директор на Клиниката, Нино Васев, изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар.

— реклама —

„Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“, изјави Васев.

Неговиот адвокат, Никола Ставров, оцени дека постапката се водела со пропусти и со, како што рече, „емотивен пристап на обвинителката“, оставајќи впечаток на, според него, еден вид заговор против обвинетиот. „Ние како одбрана ќе се фокусираме на побивање на наводите и доказите на обвинителството преку основани и законити докази, како и преку вештачењето кое го обезбедивме“, изјави Ставров.

— реклама —

Бидејќи судот го одби барањето за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната на Васев побара вештаците да бидат директно сослушани, а како сведоци ќе бидат повикани и лекари онколози од Клиниката.

Докторката Пешевска, пак, со изјава пред судот ја прифати одговорноста. „Да се извинам според обвинението доколку сум постапила небрежно или невнимателно. И доколку за овие седум пациенти не сум сигурна дека јас сум ја продолжувала, иако бил користен мој печат и факсимил. Тој беше оставен на шалтер за побрзо да минуваат пациентите. Ја прифаќам вината, затоа што моето корисничко име и лозинка сум ги оставила за да има пристап за давање терапија“, рече Пешевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања