Промени тема
Контакт

СУДЕЊЕ

media-librarypndrifbcb0na1QRbNBu

Како се ваделе парите од ѕидот кај родителите на Ристов: Криминалистички техничар сведочеше за претресот, одбраната докажува пропусти

Вишиот криминалистички техничар Горан Манојловиќ, кој учествувал во документирањето на претресот во куќата во Неготино, каде што беа пронајдени парите поврзани со судскиот предмет за судијата Ѓоко Ристов, на денешното судење изјави дека нема лиценца или сертификат, а процедурите при вршење претрес ги познава делумно.Одговарајќи на прашањата на одбраната, Манојловиќ потврди дека бил повикан од претпоставен старешина, како дежурен криминалистички техничар, за да изврши криминалистичко-технички акт

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfb964a4bea3413gB3XX

„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше во ѕидот“ – таткото на судијата Ристов за скриените пари, обвинителката го соочи со ДНК-резултатите

„Нема шанса“, одговори Здравко Ристов, татко на судијата Ѓоко Ристов, откако обвинителката го соочи со резултатите од вештачењето, според кои на пронајдените пари не биле утврдени биолошки траги ниту од него ниту од неговата сопруга.На денешното судење Ристов тврдеше дека парите пронајдени во семејната куќа во Неготино се негова и заштеда на сопругата, создадена со повеќедецениска земјоделска работа.„Сум се мачел 89 години со овие десет прсти. На кого да ги пријавам тие пари?“, рече Ристов, обја

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrfsg4jpttu6o122N5yi

„Плетев до три часот наутро“ – мајката на судијата Ристов објаснуваше како ги стекнале илјадниците евра зад плочките

„Никогаш Ѓоко не ми дал пари. Од децата динар не сум земала. Јас имам многу вреден сопруг“, сведочеше Донка Ристова, мајка на судијата Ѓоко Ристов, на денешното судење, каде што беше испрашувана за потеклото на парите пронајдени во семејната куќа во Неготино.Ристова тврдеше дека таа и сопругот Здраве цел живот работеле и штеделе, а наместо да добиваат финансиска помош од своите деца, тие им помагале ним.„Јас и сопругот кога се земавме, јас плетев и се мачевме. Тој печалеше пари. Ниту распашани,

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryr8kf65kt8qdpeZmaZAc

Ги чувавме 350 илјади евра за да одиме на Геријатрија, ги печалевме од земјоделие - 50 години ставаме пари зад плочката, вели мајката на судијата Ѓоко Ристов која го брани синот

Донка Ристова, мајка на судијата Ѓоко Ристов, на денешното судење тврдеше дека парите пронајдени при претресот во семејната куќа во Неготино се нејзина и сопственост на нејзиниот сопруг Здраве. Според неа, станува збор за околу 350.000 евра, заштеда од повеќедецениска земјоделска работа, која ја чувале скриена зад плочка во ниша во куќата.Одговарајќи на прашањата на обвинителката Искра Хаџи Василевска, Ристова рече дека првиот претрес бил извршен на 29 декември 2025 година, кога, според нејзинот

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryp9ob7fmubiqk44j4Q8Y

„Не мислев дека ќе одат толку далеку“, рекол таткото на судијата Ѓоко Ристов кога полицијата ги нашла заѕиданите 350.000 евра

Денеска во Кривичниот суд Скопје продолжи судењето на апелациониот судија Ѓоко Ристов со сослушување на сведоци.Сопственик на мобилара и адвокат кој присуствувал на претресот во семејната куќа во Неготино денеска сведочеа во Кривичниот суд во Скопје на продолжението на судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов.Сведокот на Обвинителството, Лазе Бонев, специјалист за сајбер-безбедност во МВР и сопственик на мобилара за продажба и сервис на мобилни телефони, негираше дека Ристов на 3 д

Македонија | пред 1 месец

media-libraryuadlke8nh9i81Rsl9O1

Вице Заев, Камчева, Јахоски, Азманов и Ременски меѓу контактите на судијата Ѓоко Ристов

Телефонскиот именик на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов беше во фокусот на денешното судење, при што обвинителката Искра Хаџи-Василева прочита повеќе познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот кои биле запишани меѓу неговите контакти.Меѓу имињата што беа споменати се Бојан Јовановски, познат како Боки 13, Ана Камчева, сопруга на бизнисменот Орце Камчев, пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, кој во именикот на Ристов бил запишан како „бабе Исмаил“, како и неговиот син Асмир Јахоски, сопст

Македонија | пред 1 месец

media-librarykvthg4k5ut31a4JlRGp

Во судница пуштен материјал од прислушувани разговори: Сопругата на судијата Ѓоко Ристов договара средба со таткото на двајца обвинети за тежок криминал

Нови прислушувани разговори и пораки беа презентирани денеска во судницата во постапката против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, а според Обвинителството, тие покажуваат како била договарана средба меѓу судијата и лица поврзани со двајца обвинети за тешки кривични дела.Обвинителката Искра Хаџивасилева посочи дека женскиот глас што се слуша во дел од разговорите е на Симона Ристова, сопруга на обвинетиот судија и државна правобранителка. Според презентираните материјали, таа комуницирала со Един

Македонија | пред 1 месец

puls-12

Сведок на судењето за „Пулс“: Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведокот Драги Илиевски истакна дека Општината навремено реагирала и побарала да не се издаде лиценца за работа на објектот, бидејќи се наоѓал во индустриска зона.Илиевски појасни дека дискотеката се наоѓала во зона Г2, наменета за лесна и незагадувачка индустрија, каде угостителска дејност од ваков тип не е дозволена.„Значи зоните не можат да се менуваат. Ме прашавте дали е направена пренамена, не е направена пренамена на тој обје

Македонија | пред 6 месеци

Papazov

Обвинителството бара куќниот притвор на поранешниот градоначалник на Кочани да остане во сила

На минатото рочиште адвокатот на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов побара укинување на притворот на својот клиент и определување мерки на претпазливост.Јавното обвинителство денеска се изјасни против барањето на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, да му се замени мерката куќен притвор со мерки за претпазливост.„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со мерки за пр

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – денес искази на петмина сведоци

Денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово ќе продолжи судењето на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени. За катастрофата што се случи на 16 март 2025 година им се суди на 35 физички и на 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.Денес е предвидено искази да даваат петмина сведоци предложени од Јавното обвинителство.Во процесот се обвинети сопственикот на дискотеката, управителите, членовите на обезбедува

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryba5s57816tu4dk1tsv0

Страшно сведоштво на пожарникар: Три јагленосани тела во ‘Пулс’, едното се држи за маса, друго потпрено за столб, третото со раце нагоре

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Драган Апостолов, кој е командир на противпожарната единица во Кочани. Тој го опиша ужасот во дискотеката каде ималоненормално висока температура.„Толку многу беше висока температурата внатре, што и преку опрема добив изгореници и големи пликови по рацете, а не ме фати огнот”, рече сведокот.Апостолов детално објасни како пожарникарите со „водени лепези“ се обидувале да ја намалат температурата за да можат да ги извлекув

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryk26rk79e27ch1hZZ1NI

Пожарникар сведочеше за пожарот во „Пулс“: Во билетарата затекнав над десет лица кои не даваа никави знаци

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Благој Паунов кој рече дека дојавата ја примил во 2:35 часот, а пожарот бил изгаснат околу 4 часот.Тој заедно со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило пет минути по дојавата.-По пристигнување на местото бевме упатени од полициски службеници и ни направија место да се паркираме непосредно до дискотеката. Кога пристигнавме на местото, имаше само малку чад како излегува од влезната врата, ние не можев

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – сослушување на пет сведоци и оштетени

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените.Адвокатот Петре Шилегов пред почетокот на претходното рочиште побара да се земе предвид брифингот на ОЈО ГОКК за запирање на постапката против службени лица и предложи Јавното обвинителство да ја преиспита таа одлука, истакнувајќи дека за дел од сега обвинетите може да се повлечат обвиненијата.На рочиштето беа сослуш

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Преживеаниот шанкер од „Пулс“ бара отштета, но нема да се приклучи на кривичниот прогон: Повторно ми е падната сатурацијата на 65 проценти

Дејан Манасиев, кој работел како шанкер во дискотеката „Пулс“ од отворањето во 2012 година, изјави дека персоналот работел без договори, а кобната вечер голем дел од вработените не успеале да се спасат.Манасиев, кој сè уште се соочува со сериозни здравствени последици и намалена сатурација, истакна дека наредбите ги добивале директно од газдата Деко, вработените немале никаква обука за заштита при работа и не бил сигурен дали имало хидранти, освен неколку противпожарни апарати.Низ солзи, сведоко

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

„Пожарот се ширеше со голема брзина бидејќи целиот плафон беше со сунѓер“, вели сведок на пожарот во „Пулс“

Сведокот Петар Марковски на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, при кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, изјави дека успеал да се спаси, но дека и денеска чувствува последици, со оштетени дишни органи.На прашања од Обвинителството, тој рече дека бил редовен посетител на „Пулс“. Наведе дека билетите за вечерта биле купени од Тодор Јованов, брат на сопственикот на дискотеката, Дејан Јованов-Деко, а обезбедувањето го сочинувале Лазар Захариев, Мартин Ѓеорѓиев,

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryfp5vj1n9ak0i9uUU1ss

Таткото на загинатата Надица со остра порака до адвокатката нa Деко: Кога кажавте дека тој е човек а не монструм беше најболна реченица досега

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата во „Пулс“, остро реагираше на јавната изјава на адвокатката на обвинетиот сопственик на објектот, Дејан Јованов-Деко, оценувајќи дека повикувањето на сочувство и емпатија е во целосна спротивност со зборовите што таа претходно ги упатила пред родителите на жртвите.Наунов потсети на изјави дадени за време на судењето, кога, како што наведе, адвокатката јавно тврдела дека обвинетиот требало да одговара за небрежност, а не за тешки кривич

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Тензичен старт на судењето за “Пулс”: доцнење на спровод на обвинети од тетовскиот затвор го одложи стартот, судијката не сакаше да слуша објаснувања и ги искара полицајците

Судското рочиште за предметот „Пулс“ денеска започна со приближно едночасовно задоцнување, откако спроводната служба од Тетово не пристигна навреме. Пролонгирањето на почетокот предизвика напнатост во судницата и остра реакција од судечкиот совет.Веднаш по стартот на постапката, судијката Диана Груевска Илиевска побара објаснување за доцнењето и им нареди на судските полицајци да ги повикаат одговорните од спроводот. „Зошто доцните?“ праша таа, без да остави простор за одолговлекување.Еден од по

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Системски пропусти и човечка трагедија: продолжува процесот за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која на 16 март 2025 година животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која во меѓувреме беше избрана за член на Судскиот

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Главната расправа за „Пулс“ е одложена за 26 јануари на барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска: Таа од вчера е член на Судскиот совет

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ закажана за утре е одложена, а процесот продолжува на 26 јануари.Одлагањето е по барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, бранителка на еден од обвинетите, која во текот на вчерашниот ден беше избрана за членка на Судскиот совет. Поради новонастанатата функција, таа повеќе не може да ја извршува адвокатската дејност, па судот оцени дека мора да му се овозможи на обвинетиот да ангажира нов бранител и тој да добие време да се запознае со предме

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryqnlp874d96gr3BxtArg

Самопрогласен хипнотерапевт во Франција ги дрогирал, a потоа ги силувал жените, почна судењето

На југот на Франција започна судење на маж обвинет дека со години ги дрогирал и сексуално злоупотребувал жените, како и дека дел од нападите тајно ги снимал, пренесува BBC.Станува збор за Сирил Затара, наставник по танц и самоук хипнотерапевт, кој е обвинет за силување на 14 жени во период од десет години, како и за тајно снимање на околу 20 други жени. Затара е во притвор од 2021 година, а според BBC, признал вина за 10 точки од обвинението што се однесуваат на силување.Судење зад затворени вра

Свет | пред 9 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

„Отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, уште потресни сведоштва од денешното рочиште за „Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одекнаа и други потресни сведоштва од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот на 16 март, кога животите ги загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.Во судницата сведочеше Габриела Наунова, мајка на починатата Надица Наунова. Таа раскажа дека додека ја барала ќерката, а во обид да помогне на заглавените деца, кршела ѕид за да направи отвор кон тоалетот.„Во тој момент ми подадоа едно девојче. Очињата ѝ беа

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryfiob5em6ju9tePxmG6t

„Тие 10 минути можеби беа клучни за брат ми“, мајката на Андреј раскажа и за траумата на помладиот син Кристијан

Пред судот денес сведочеше Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј кој загина во трагедијата во „Пулс“ во Кочани, и на неговиот помал брат Кристијан, кој ја преживеа несреќата. Таа раскажа како семејството и денес се соочува со тешки последици — особено Кристијан, кој чувствува силна вина што не успеал да го спаси брат му.„Кристијан денес има кошмари и вели: ’Тие 10 минути додека спасував други животи, можеби беа клучни за брат ми‘. Најтешка е тежината што ја чувствува за загубата,“ све

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

„Пораката на Инстаграм остана непрочитана“ – мајката на Андреј сведочеше за ноќта на трагедијата во „Пулс“

„На Андреј му пишав на Инстаграм: ‘Што се случува?, и до денес таа порака стои непрочитана.“Вака сведочеше денеска Марија Петрушева, мајката на 24-годишниот Андреј. Таа рече дека семејството прво ги слушнало сирените околу 02:45 часот, а потоа забележало дека службите се движат во правец на клубот. Тогаш започнала агонијата, ѕвонела на двајцата синови, но без одговор.„Почнав да им ѕвонам наизменично. Кога не ми се јавија, му напишав на Андреј: ‘Што се случува?’. Но пораката остана непрочитана,“

Македонија | пред 9 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Газда Деко доби опомена, во притворот му бил пронајден мобилен телефон

На денешното рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, судијката Диана Груевска Илиевска изрече опомена за обвинетиот Дејан Јованов – познат како Газда Деко, поради тоа што во неговата ќелија во затворот во Куманово бил пронајден мобилен телефон.Телефонот, како што беше наведено во судница, бил откриен од затворската полиција додека Јованов се наоѓа во притвор поради судската постапка за настанот во дискотеката.Судијката му укажа дека станува збор за прекршување на правилата и го пр

Македонија | пред 9 месеци

media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, кого Обвинителството го посочува како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, задолжена за обезбедувањето на клубот, како и на одбраната на обвинетите правни лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.Во претходното вов

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања