Промени тема
Контакт

Главната расправа за „Пулс“ е одложена за 26 јануари на барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска: Таа од вчера е член на Судскиот совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Главната расправа за трагедијата во „Пулс“ закажана за утре е одложена, а процесот продолжува на 26 јануари.

— реклама —

Одлагањето е по барање на адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, бранителка на еден од обвинетите, која во текот на вчерашниот ден беше избрана за членка на Судскиот совет. Поради новонастанатата функција, таа повеќе не може да ја извршува адвокатската дејност, па судот оцени дека мора да му се овозможи на обвинетиот да ангажира нов бранител и тој да добие време да се запознае со предметот.

Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, се отповикува само рочиштето за утре, додека сите досега одржани расправи и изведени докази остануваат важечки, а постапката продолжува на следниот, претходно утврден термин – 26 јануари.

— реклама —

Сузана Јошевска-Анастасовска беше избрана за членка на Судскиот совет на вчерашната седница на Собранието, заедно со вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ, по предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

— реклама —

Процесот за „Пулс“ се наоѓа во доказна постапка и требаше да продолжи со сослушување на законските застапници на оштетените. Сите 35 обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата, иако дел од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите.

Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев посочи дека постапката има цел да утврди и индивидуална и институционална одговорност, нагласувајќи дека трагедијата не е последица само на еден настан, туку на долгогодишни системски пропусти и недостиг на контрола. Одбраната, пак, тврди дека станува збор за институционален неуспех, а не за индивидуална вина.

— реклама —

Пожарот избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група „ДНК“, кога во објектот имало повеќе посетители од дозволеното, биле користени пиротехнички средства без одобрение, а дискотеката со години работела без исполнети минимално-технички и противпожарни услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 12 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања