Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СУДЕЊЕ

media-libraryjtl9hs4r4c693DGZpa6

(Видео) Петтообвинетата инженерка Милка Едровска до одбраната на газда Деко: „Никогаш не сум работела на ентериерот на ‘Пулс’“

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, инженерот Милка Едровска – петтообвинета во постапката – ја отфрли одговорноста која ѝ се става на товар. Таа тврдеше дека нејзината работа била ограничена само на сообраќајното решение и дека немала никаква улога во внатрешното уредување на дискотеката.Едровска јавно ја повика одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко да потврди дека од неа никогаш не бил побаран комплетен проект.„Дејан нека каже дали некогаш од мене побарал целосен проект“, рече

Македонија | пред 8 месеци

media-librarys3droijois4v65fZo5A

„Седам во четири ѕида и секој ден ја преживувам кобната ноќ“, кажа газда Деко во судницата во Идризово

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, сопственикот Дејан Јовановски – Деко се изјасни дека не е виновен за обвиненијата за тешки дела против општата сигурност. Во своето обраќање пред судот, тој даде подолга изјава, наведувајќи дека и самиот сè уште се справува со последиците од трагедијата во која загинаа 63 лица.„До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер“, изјави Јовановски. Тој додаде дека цели девет месеци е во притвор „во четири ѕида“ и дека секој

Македонија | пред 8 месеци

media-library977ma44q1g0b6gvbJCW

Преживеан од пеколот во „Пулс“ со преврзана глава се соочи со Деко во судницата

На денешното, трето рочиште за случајот „Пулс“ во Идризово, како оштетен се појави едно од лицата повредени во пожарот, со завои на главата.Пред новинарите рече дека се приклучува кон кривичниот прогон против обвинетите и дека надоместот за нанесената штета ќе го бара во граѓанска постапка.Ова е прво рочиште на кое оштетените директно се соочија со првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката.Според податоците што ги достави обвинителството, вкупно 222 лица биле повредени во

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Судење за „Пулс“: Обвинетите денеска се изјаснуваат за вина

Во големата судница во Идризово, денеска продолжува судењето за смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со клучната фаза – обвинетите да се изјаснат дали се чувствуваат виновни или не по наводите од обвинителниот акт.За трагедијата што на 16 март однесе 63 животи, а повреди повеќе од 210 лица, се гонат 35 обвинети и три фирми за тешки дела против општата сигурност, при што кривичното дејствие опфаќа период од 2012 година до денот на пожарот. На обвинителната клупа се сопственици и уп

Македонија | пред 8 месеци

nino

Финансиска раководителка на денешното рочиште за „Онкологија 2“: „По ковид-карантинот ми беа одземени ингренциите“

Судењето за „Онкологија 2“ продолжи со исказ на раководителката на финансиско-сметководственото работење на Клиниката, која опиша сериозни промени во управувањето со финансиските процеси од крајот на 2019 и почетокот на 2020 година.Таа изјави дека по враќање од ковид-карантин затекнала дека клучниот дел од нејзината работа – подготовката на налозите за плаќање – бил преземен од друга вработена без официјално решение. „Ми беа одземени ингеренциите“, рече сведокот.Во исказот посочи дека до ковид-п

Македонија | пред 8 месеци

media-librarys1h0g4cqrbkn48PL7Be

Обвинетите не се изјаснија за вина, рочиштето за трагедијата во „Пулс“ беше одложено

Второто рочиште од судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади лица, не донесе напредок во постапката. Наместо обвинетите да се произнесат дали се чувствуваат виновни, постапката беше стопирана поради сериозни забелешки од одбраната.Адвокатите на обвинетите остро реагираа дека Обвинителството извршило спојување на првичното обвинение со она поднесено против сопственикот на фирмата задолжена за обезбедување на дискотеката, а новиот

Македонија | пред 8 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

На преживеани неколку месеци по пожарот во „Пулс“ им се појавиле здравствени проблеми

Нови моменти во судењето за пожарот во ,, Пулс”. Кочанскиот обвинител Борче Јанев на денешното судење изнесе нови информации поврзани со преживеани, кои се загрижувачки.„Има случаи каде лица првично по пожарот немале никакви повреди, меѓутоа неколку месеци потоа појавуваат проблеми со дишење и други здравствени проблеми“, рече Јанев.Денеска судењето продолжи со поднесување оштетни побарувања, но планираното изјаснување за вина на обвинетите и воведните зборови на одбраната беа одложени поради не

Македонија | пред 8 месеци

media-library977ma44q1g0b6gvbJCW

Хаос на судењето за „Пулс“: Обвинетите не го добиле изменетото обвинение

Второто точиште за судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 63 лица, денеска запична тензично. Судијката го прекина и даде пауза од половина час, бидејќи одбраната на дел од обвинетите реагираше дека не го добила интегрираниот текст на обвинението.Бранителот истакнаа дека не е можно обвинетите да се произнесат за вина и да дадат воведни зборови за текст што воопшто не им е доставен.Дел, како што бараа, вооопшто го немаат добиено интегрираниот текст на обвинениет

Македонија | пред 8 месеци

media-library2bhr9llnj04heZYiCmq

Одбраната во судницата во Идризово со жестоки критики: „Несредените докази го загрозуваат фер-судењето за ‘Пулс’“

На денешното второ рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната остро реагираше на начинот на кој Обвинителството ги доставило доказите, оценувајќи дека материјалите се во хаотична состојба и дека таквата презентација ја нарушува можноста за квалитетна одбрана.Адвокатката Сузана Јошевска посочи дека дел од електронските фајлови биле доставени во нефункционална форма – документи кои не можеле да се отвораат или користат без дополнителни интервенции. Според неа, Обвинителствот

Македонија | пред 8 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Продолжува мегапроцесот за трагедијата во „Пулс“: Одбраната денеска ги дава воведните зборови

Судницата во Идризово денеска треба да се одржи второто рочиште од големиот судски процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година животите ги загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. По воведниот говор на обвинителството на првото рочиште, денеска се очекува обвинетите да се произнесат за вината, по што одбраната ќе ги даде своите воведни обраќања.Рочиштето повторно ќе се одвива под силни безбедносни мерки, со присуство на роднините на заги

Македонија | пред 8 месеци

jlldiz-veaposka-750x430-1

Супервештачењето докажува: На родилката Веапоска ѝ биле извадени три здрави органи поради сериозни пропусти

Судскиот процес за случајот со родилката од Дебар, Васка Веапоска, продолжи со драматичен пресврт – супервештаците утврдија дека во струшката болница биле извадени три здрави органи: бубрег, јајник и матка, и тоа во услови на хеморагичен шок кој настанал поради ненавремено препознаена и недијагностицирана компликација.На рочиштето беше дополнет обвинителниот акт, а судот ги сослуша супервештаците кои недвосмислено го посочија првообвинетиот хирург-гинеколог Мухамед Асани како директно одговорен

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-11-28-at-21.38.06

Новo супервештачење ќе утврдува што се случувало во домот на Илијевска која ги усмрти сопругот и свекоротво

Основниот суд во Куманово одобри барање за дополнително супервештачење од Клиниката за психијатрија во случајот против Вангелица Илијевска – жената обвинета дека минатата година ги усмрти сопругот и свекорот во нивниот дом во Кратово.Одлуката следува по иницијатива на обвинителството, кое смета дека новото стручно мислење треба да ги расчисти сите нејаснотии и разлики што произлегоа од претходните психијатриски вештачења изработени на барање и на обвинителството и на одбраната.Обвинителот Газмен

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryvguvavm0h61idIMe95y

„Ми даде лек што не постоеше во евиденција“: потресно сведочење на пациентка на судењето за „Онкологија 2“

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, а сведочеше пациентка која примала комбинирана хемотерапија и имунотерапија, опишувајќи ситуација која, како што рече, ѝ оставила длабока дилема. Ѝ била дадена терапија надвор од редовните протоколи и без да биде внесена во регистарот на клиниката.Пациентката сведочеше дека при нејзината деветта посета на Клиниката за радиотерапија и онкологија, лекарот Нино Васев ѝ соопштил дека лекот е во дефицит и дека останале само три ш

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryndeu8iq22ien2lP65ya

(Видео) Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно.„Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче.Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има.„Ова им го додолжиме на родителите, ова им го додолжиме на сите граѓани, ова го до

Македонија | пред 8 месеци

media-librarym03jfcgescoj6h3izlG

Родителите на загинатите во Пулс гневни и со болка: Со која совест адвкатите ќе земат крвави пари, се плашиме дека ќе бидеме изманипулирани

На првото судско рочиште за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица владее мачна атмосфера. Родителите и роднини на починатите млади луѓе, со болка и солзи го следат рочиштето.Во нивните души има и многу гнев кон сите, но особено кон газда Деко. Тие бараат правда за да се смират и нивните чеда во вечните почивалишта, а нивната болка велат, е ненадоместлива.За нив доколку се досудат 20 години затворска казна за дел од обвинетите правдата нема да биде

Македонија | пред 8 месеци

media-librarysfmkgf2j6o6q27o89zt

Монструм и парољубец: родителите на загинатите во,, Пулс” со тешки обвинувања за газда Деко

Во судницата во Идризово каде денеска почна судењето за пожарот во дискотеката,,Пулс” на 16 март, кога загинаа 63 лица и повеќе од 200 беа повредени и чие лекување ќе биде макотрпно, присутни се повеќе од 50 родители на загинатите.Родители, роднини и блиски на загинатите од рано утрово дојдоа пред судницата во најголемиот затвор, нетрпеливо чекајќи да почне судењето и барајќи правда за смртта на нивните чеда.Прстот за вина го вперија кон сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, познат како газ

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Судијката Груевска: Правдата за ,,Пулс”ќе дојде можеби за 5 месеци, можеби за 5 години

Судијката Диана Груевска Илиевска на почетокот на судењето за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, на почетокот на судењето нема претстава колку може да трае судскиот процес.Убедена е дека правда ќе има. Бидејќи се работи за сложен судски процес, со многу странки и голем интерес во јавноста, побара дисциплина од вети дека сите ќе имаат можност да ја изнесат својата верзија на случајот и својата одбрана.,,Не можеме да ви гарантираме брзина во судењето, но

Македонија | пред 8 месеци

media-library2bhr9llnj04heZYiCmq

Судијката Диана Груевска-Илиевска: Нулта толеранција за недисциплина на рочиштата за „Пулс“

Судијката Диана Груевска-Илиевска уште на самиот старт на првото рочиште за случајот „Пулс“ стави јасно до знаење дека процесот ќе се води строго, дисциплинирано и без простор за одложувања. Пред полната судница во КП Идризово таа го претстави составот на судечкиот совет – нејзиниот колега Ахмед Идризи како втор судија и четворица поротници, од кои еден резервен – со цел да нема прекини во постапката.Груевска-Илиевска од почеток предупреди дека ќе има нулта толеранција за нарушување на редот на

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF

Поранешни министри, градоначалници, директори, инспектори... Нема место во судницата во Идризово, почна судењето за „Пулс“

Полициски комбиња едно по друго пристигнаа во кругот на „Идризово“ додека силно полициско обезбедување ги спроведуваше обвинетите до импровизираната судница. Надвор, на дождливото утро, новинари и фоторепортери стоеја подготвени да го документираат моментот кога почнува најмасовното судење во поновата историја на Македонија.Во судницата – преполна до последно место – беа сместени обвинетите, нивните адвокати, претставници на јавноста и медиумите. Салата е целосно исполнета, со редови до крајот

Македонија | пред 8 месеци

puls-roditeli

Најголемото судење во историјата на Македонија: пред правдата излегуваат 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

Точно во 9.30 денеска почнува најголемото судење во поновата историја на Македонија – процесот за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија што на 16 март 2025 година однесе 63 животи и повреди повеќе од 200 лица. Судницата е под засилени безбедносни протоколи, семејствата на жртвите пристигнуваат за да ја слушнат вистината која ја чекаат скоро девет месеци, а правосудниот систем е исправен пред најтешкиот тест досега.Обвинителството ќе треба да докаже вина на вкупно 38 об

Македонија | пред 8 месеци

kocani-puls-protest-4

Ќе има ли надзорна расправа за трагедијата во „Пулс“? Утре почнува големото судење за жртвите во кочанската дискотека

Утре во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки и со дежурна медицинска екипа, започнува судскиот процес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На обвинителна позиција ќе се најдат 35 лица и три правни субјекти, меѓу кои се поранешни функционери, инспектори, сопственици на објекти, лица од обезбедување и административци.Обвинението опфаќа тешки кривични дела поврзани со создавање општа опасност и сериозни организациски пропусти кои, според ист

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryl2ltdphhtosqaDTSwh9

Мојсоска: „Власта веќе нема изговори - надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има“

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец:„Власта е на потег... Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора да се одржи, а тоа го ветуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Во сите нивни изјави и медиумски настапи пред неколку месеци, пратеницит

Македонија | пред 8 месеци

media-library0d0s4fhds6olcvhYAf2

Црни мајки, бели споменици: „Нема вода што ќе ви ја измие вината“ - повик преку пораки за Кочани

Неколку дена пред најавениот марш за правда што ќе се одржи во сабота, на 15 ноември, во Скопје, иницијативата „Кој е следен“ спроведе герила акција со моќни пораки насочени кон јавноста и институциите.На повеќе локации низ центарот на градот, меѓу кои и кај спомениците во близина на „Ибни Пајко“, утринава беа поставени транспаренти и пораки:„Нема вода што ќе ви ја измие вината“,„Правда за Кочани“,„Кога мајките се завиени во црно, совеста нема избор“,„Мајките завиени во црно се огледало на нашат

Скопје | пред 8 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Судењето за кочанската трагедија ќе се одржува двапати неделно, првото рочиште на 19 ноември

Судењето за трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени над 200, ќе почне следната недела на 19. ноември и ќе се одвива во судницата во Казнено-поправната установа Идризово.Како што соопштија од Основниот кривичен суд во Скопје и Јавното обвинителство, процесот ќе има по две рочишта неделно, со засилени безбедносни мерки и присуство на медицински тим. Првите три рочишта се закажани за 19, 25 и 26 ноември.Оштетените сведоци ќе можат да присуствуваат

Македонија | пред 8 месеци

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Обвинителството подготвено за почеток на судењето за „Пулс“ – 15 обвинители ќе го застапуваат случајот со пожарот во Кочани

Судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, ќе започне на 19 ноември во Скопје. Државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска изјави дека обвинителството е целосно подготвено за почетокот на процесот и дека ќе бидат ангажирани доволен број обвинители за ефикасно водење на предметот.„Обвинението во судница ќе го застапуваат обвинителите кои работеа на случајот од самиот почеток. Сепак, на вчерашниот состанок договоривме да се вклучат уште неколку

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања