Промени тема
Контакт

Одбраната за Захариев:„ Лазар ги спасуваше децата од пожарот, тој е херој“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library035ta02k7b10eDltSrU
YouTube/Print Screen

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“ во Идризово, адвокатот Зоран Зафировски го претстави случајот на обвинетиот Лазар Захариев, припадник на приватната агенција за обезбедување „Рубикон“, како пример на човек кој во кобната ноќ направил сè што можел за да спаси животи. Според одбраната, Захариев не е причинител на трагедијата, туку човек што се борел во хаосот за да извлече што повеќе млади на безбедно.

Инсистирајќи дека обвинението погрешно го претставува неговото учество, Зафировски наведе дека Захариев воопшто не бил дел од обезбедувањето кое контролира влез, туку дошол дури откако пиротехниката веќе била внесена во дискотеката. Тој бил ангажиран на патрола на повеќе локации, а не како стационарно обезбедување во „Пулс“. Дополнително, таа вечер не носел рефлектирачки елек бидејќи никој не го информирал дека ќе се одржува концерт.

— реклама —

Во своето обраќање, адвокатот ја нагласи и херојската страна на неговото делување:

„Тој е херој во моите очи. Им го проверувал пулсот, се обидувал да ги реанимира и подигнал две врати кои биле паднати врз луѓето… Сето ова го направил откако и самиот бил натрупан со луѓе.“

— реклама —

Одбраната најави дека ќе повика повеќе од 20 млади лица кои ќе сведочат дека токму Лазар им помогнал да излезат живи од објектот.

Обвинителството го товари Захариев дека не го спречил внесувањето пиротехника, а истовремено, на страница 40, го наведува како оштетен, со констатација дека во пожарот се здобил со инхалациона повреда.

— реклама —

Самото ова, според одбраната, покажува дека Захариев бил внатре во објектот како спасувач, а не како човек што дозволил прекршок.

Захариев накратко и видно потресен се обрати пред судот:

— реклама —

„Криво ми е што на кобниот ден не можев да спасам повеќе луѓе.“

Захариев е обвинет за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“, исто како и другите обвинети во делот што се однесува на пропусти поврзани со безбедносните стандарди во дискотеката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 12 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања