Промени тема
Контакт

Родителите на загинатите во Пулс гневни и со болка: Со која совест адвкатите ќе земат крвави пари, се плашиме дека ќе бидеме изманипулирани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarym03jfcgescoj6h3izlG
YouTube/Print Screen

На првото судско рочиште за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица владее мачна атмосфера. Родителите и роднини на починатите млади луѓе, со болка и солзи го следат рочиштето.

Во нивните души има и многу гнев кон сите, но особено кон газда Деко. Тие бараат правда за да се смират и нивните чеда во вечните почивалишта, а нивната болка велат, е ненадоместлива.

— реклама —

За нив доколку се досудат 20 години затворска казна за дел од обвинетите правдата нема да биде задоволена, затоа што ги нема нивните 63 млади деца.

— реклама —

Својот гнев и болка ја истурија и врз бранителите и ги прашаа со кое лице и совест ќе се ситат и ќе земаат крвави пари.

Кога ги видоа адвокатите прокоментираа дека обвинетите избрале познати адвокати кои имаат свои математики за да ги уништат до крај оштетените.

— реклама —

Се гледа стравот кај нив дека повторно ќе бидат изманипулирани, а целиот случај ќе се забошоти, како што се случи со други некои трагедии.

— реклама —

Апелираат Министерството за здравство и сите надлежни да преземат мерки и да им помогнат на оние кои преживеаја а се повредени и се опоравуваат.

Мајка чие дете го загуби во пожарот на медиумските екипи им понуди подготвено кафе во спомен на нивниот син кој многу сакал кафе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања