Промени тема
Контакт

(Видео) Петтообвинетата инженерка Милка Едровска до одбраната на газда Деко: „Никогаш не сум работела на ентериерот на ‘Пулс’“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryjtl9hs4r4c693DGZpa6
YouTube/Print Screen

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, инженерот Милка Едровска – петтообвинета во постапката – ја отфрли одговорноста која ѝ се става на товар. Таа тврдеше дека нејзината работа била ограничена само на сообраќајното решение и дека немала никаква улога во внатрешното уредување на дискотеката.

Едровска јавно ја повика одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко да потврди дека од неа никогаш не бил побаран комплетен проект.

— реклама —

„Дејан нека каже дали некогаш од мене побарал целосен проект“, рече таа во судницата, нагласувајќи дека нејзината работа не се однесувала на избор на материјали или на безбедноста на објектот.

Таа изјави дека не стои зад изведбата на ентериерот:
„Не сум изготвила проект за внатрешното уредување и не сум учествувала во избор на материјали во објектот.“

— реклама —

Во однос на нејзината улога, додаде дека единствениот ангажман што го имала бил поврзан со сообраќаен дел од документација:
„Не сум вршела надзор, ниту сум била присутна на терен. Бев ангажирана само во 2012 година, кога проектот беше завршен и од мене беше побарано исклучиво сообраќајно решение.“

Застапникот на Едровска претходно посочи дека ентериерниот проект наводно бил изработен од друг архитект кој воопшто не е дел од обвинението.

— реклама —

Инаку, според обвинителниот акт, Едровска се сомничи за „Тешки дела против општата сигурност“, при што обвинителството наведува три точки:

-дека изготвила документ наречен „Основен проект“ кој не ги содржел задолжителните проектни целини (статика, електрика, механика, противпожарна заштита);

-дека во 2023 година, без теренски увид, ја ажурирала документацијата само со промена на датум и насловна страница, по што проектот бил користен за добивање дозвола;

— реклама —

-дека подготвила сообраќајно решение во кое паркинг-местата биле прикажани на дел што се води како државно земјиште.

Судењето продолжува со излагањата на останатите обвинети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања