Промени тема
Контакт

Адвокатот на Камбери тврди: „Телефоните не се негови“ – затворот возвраќа дека никој не признал сопственост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd
YouTube/Print Screen

Адвокатот Насер Рауфи денеска пред судот изјави дека 13-те мобилни телефони и лаптопот, за кои на претходното рочиште беше соопштено дека биле пронајдени во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери, не му припаѓаат на неговиот клиент. Според него, „вистинскиот сопственик“ се пријавил сам.

— реклама —

„Го молам судот да ја провери информацијата во затворот,“ изјави Рауфи, наведувајќи дека тоа може лесно да се утврди преку управата со притворското одделение.

Од затворот појаснуваат дека во ќелијата на Камбери престојуваат тројца притвореници, дека ниту еден од нив – ниту пак некое друго лице – не признал сопственост над уредите, поради што сите телефони и лаптопот се заведени како заеднички имот на тројцата, што значи и на Камбери.

— реклама —

По интерната проверка, управата истакна дека не може да изрече дисциплински мерки без одлука на судот, па доколку судијката наложи санкција, затворот ќе ја спроведе.

— реклама —

На претходното рочиште судијката Диана Груевска-Илиевска посочи дека поседување телефони во притвор е сериозен прекршок, но овојпат Камбери доби само опомена. Таа најави дека во иднина ваквите прекршоци ќе бидат санкционирани.

Џеваир Камбери е поранешен службеник во Министерството за економија и е единствениот меѓу 35-те обвинети кој, покрај тешките дела против општата сигурност, се товари и за примање поткуп и за изготвување фалсификувани службени исправи.

— реклама —

Според обвинението, примил 226.000 денари (над 3.600 евра) за да обезбеди незаконска дозвола за работа на дискотеката „Пулс“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 12 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања