Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryv3901mqr9fc34HuSIWL

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште се предвидени воведни зборови на одбраната на Александар Нацев, кого Обвинителството го посочува како неформален, односно реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, задолжена за обезбедувањето на клубот, како и на одбраната на обвинетите правни лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.

— реклама —

Во претходното воведно излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето претставува чекор кон утврдување на лична и институционална одговорност, нагласувајќи дека општеството мора да се соочи со прашањата кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата. Тој посочи дека пожарот не е последица само на употребата на пиротехника, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола, кои објектот го претвориле во „смртоносна стапица“.

— реклама —

Сите обвинети на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив изразија сочувство до семејствата на жртвите, но преку своите адвокати ја оспорија основаноста на обвинението, тврдејќи дека не презеле дејствија што би довеле до пожарот и дека трагедијата е резултат на институционални пропусти, а не на индивидуална вина.

— реклама —

Во досегашните воведни обраќања своја одбрана изнесоа и сопственикот на дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов, сопственикот на „ММММ Кафе“ Митко Стојанов, како и други обвинети. Јованов изјави дека и по девет месеци во притвор не може да поверува во трагедијата и дека никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот, додека неговиот син Михаил Јованов тврди дека против него нема докази. Одбраните на другите обвинети, вклучително и поранешни функционери и инспектори, посочија дека постапувале согласно закон и дека немале надлежност или можност да ја спречат трагедијата.

— реклама —

Пожарот избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, при што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Според обвинението, дискотеката работела незаконски со години, со над дозволениот број посетители, без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynum1d1tv74m54z5PkNz

(Видео) „63 животи, 63 вечни спомени“ – започна повикот за донации за меморијалниот парк „Патека на бесконечноста“ во Кочани

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 2 седмици

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања