Промени тема
Контакт

„Седам во четири ѕида и секој ден ја преживувам кобната ноќ“, кажа газда Деко во судницата во Идризово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarys3droijois4v65fZo5A

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, сопственикот Дејан Јовановски – Деко се изјасни дека не е виновен за обвиненијата за тешки дела против општата сигурност. Во своето обраќање пред судот, тој даде подолга изјава, наведувајќи дека и самиот сè уште се справува со последиците од трагедијата во која загинаа 63 лица.

„До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа вечер“, изјави Јовановски. Тој додаде дека цели девет месеци е во притвор „во четири ѕида“ и дека секој ден го минува со истата мисла: „Секојдневно ја преживувам таа трагична ноќ.“

— реклама —

Јовановски зборуваше со треперлив глас, а на моменти со солзи во очите. „Не можам да поверувам што се случило таа ноќ“, рече тој.

Во продолжение тој нагласи дека никогаш не би дозволил неговиот клуб да претставува опасност за гостите:

— реклама —

„Јас како човек и како родител, каде што се собираа сите млади и моите деца, да бидам способен да дозволам да фали нешто? Зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто, не би презел се за да се отстрани навреме?“

— реклама —

Тој посочи дека во клубот низ годините израснале десетици генерации и дека сите што го познаваат знаат „колку и како се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“.

„Од срце и од душа сакам да изразам сочувство до сите фамилии што имаат починати, а на повредените оздравување. Затоа што ја знам нивната болка и тага, затоа што и ние во нашата фамилија имаме починат и повреден член“, додаде тој.

— реклама —

Во одбраната го спомена и неговиот син Михајло, кој е обвинет во предметот. „Мојот син Михајло е обвинет бидејќи тој немаше никакви обврски и активности ниту пак допринел кон тоа што се работеше на клубот. Тој имаше негова фирма за дистрибуција, си ги работеше неговите работни обврски со неговата фирма и си беше нормален гостин како и сите“, рече Јовановски.

Со денешното изјаснување на првообвинетиот продолжува судскиот процес за утврдување на одговорноста за најголемата трагедија од ваков вид во земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања