Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

Супервештачењето докажува: На родилката Веапоска ѝ биле извадени три здрави органи поради сериозни пропусти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
jlldiz-veaposka-750x430-1

Судскиот процес за случајот со родилката од Дебар, Васка Веапоска, продолжи со драматичен пресврт – супервештаците утврдија дека во струшката болница биле извадени три здрави органи: бубрег, јајник и матка, и тоа во услови на хеморагичен шок кој настанал поради ненавремено препознаена и недијагностицирана компликација.

— реклама —

На рочиштето беше дополнет обвинителниот акт, а судот ги сослуша супервештаците кои недвосмислено го посочија првообвинетиот хирург-гинеколог Мухамед Асани како директно одговорен за кризата што ја довела Веапоска на работ на животот. Тие нагласија дека тој ја водел интервенцијата – царскиот рез – и бил обврзан да ја следи пациентката по операцијата, но не извршил потребна дијагностика, ниту ултразвук, и покрај очигледни знаци на внатрешно крвавење.

„Несовесноста се гледа во непреземање дијагностички постапки и неследење на состојбата, при што дошло до критична здравствена состојба која можела да има смртен исход, доколку оштетената не стигнела навреме во скопска урологија“, сведочеше Верица Попоска, специјалист по судска медицина.

— реклама —

Супервештаците објаснија и дека второобвинетиот – синот на Асани – како специјализант смеел само да присуствува на операции и нема оперативна одговорност, а третообвинетата лекарка Лилјана Јованоска воопшто не била присутна при царскиот рез.

Случајот Веапоска останува едно од најтешките и најшокантни обвиненија за пропусти во македонското здравство, а судскиот процес продолжува со зголемен интерес на јавноста и очекување за строга одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

saban-saliu-1515

Случајот „Пулс“ продолжува: Одбраната на министерот Шанбан Салиу ќе даде воведно излагање

Македонија | пред 2 дена

media-library035ta02k7b10eDltSrU

Одбраната за Захариев:„ Лазар ги спасуваше децата од пожарот, тој е херој“

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryomvpl4gba7jh96dABqd

Адвокатот на Камбери тврди: „Телефоните не се негови“ – затворот возвраќа дека никој не признал сопственост

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj6vi8s9mk6kv7Qen62N

Екс-градоначалникот Ратко Димитровски во судницата во Идризово: „Реагирав уште во 2012, но институциите молчеа“

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања