Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Страшно сведоштво на пожарникар: Три јагленосани тела во ‘Пулс’, едното се држи за маса, друго потпрено за столб, третото со раце нагоре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryba5s57816tu4dk1tsv0

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше пожарникарот Драган Апостолов, кој е командир на противпожарната единица во Кочани. Тој го опиша ужасот во дискотеката каде ималоненормално висока температура.

„Толку многу беше висока температурата внатре, што и преку опрема добив изгореници и големи пликови по рацете, а не ме фати огнот”, рече сведокот.

— реклама —

Апостолов детално објасни како пожарникарите со „водени лепези“ се обидувале да ја намалат температурата за да можат да ги извлекуваат преживеаните до „црвениот тепих“, каде ги преземале екипите на брзата помош.

— реклама —

„По пристигнување во 2:55 веднаш се упатив во објектот. Огнот беше распламтен внатре, гореше плафонот, шанкот и бината. Јас со млазот вода влегов внатре и правев лепеза од вода за да се намали температурата, да не не пеплоса огнот сите, додека останатите извлекуваа лица“, појасни сведокот.

Внатре горел плафонот, дел од шанковите. Глетката била страшна: три целосно јагленосани тела, едното се држи за маса, другото потпрено за столб, третото легнато со двете раце нагоре.

— реклама —

Најмногу заглавени, починати и повредени лица имало во ходникот зад влезната врата.

— реклама —

Апостолов изјави дека внатре во дискотеката видел расфрлани противпожарни апарати.

„Гаснењето беше многу отежнато. Пред тоалетот имаше сандаче хидрант, внатре имаше црево, но немаше вентил и не можевме да го користиме. Имаше и расфрлани употребени пп апарати од девет килограми“, изјави Апостолов пред судот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynum1d1tv74m54z5PkNz

(Видео) „63 животи, 63 вечни спомени“ – започна повикот за донации за меморијалниот парк „Патека на бесконечноста“ во Кочани

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 2 седмици

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања