Промени тема
Контакт

Случајот „Пулс“ продолжува: Одбраната на министерот Шанбан Салиу ќе даде воведно излагање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
saban-saliu-1515

Судската постапка за кочанската дискотека „Пулс“, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а стотици беа повредени, продолжува со ново рочиште на кое треба да бидат дадени воведните зборови на одбраната на обвинетите поранешни раководители на Дирекцијата за заштита и спасување.

— реклама —

На обвинителната листа се наоѓа и актуелниот министер без ресор Шабан Салиу, кој денес е задолжен за интеграција и за имплементација на Стратегијата за Ромите. Обвинението се однесува на времето кога тој раководел со Дирекцијата за заштита и спасување — период од 2008 до 2017 година.

— реклама —

Покрај него, обвинети се и неговите наследници на функцијата:
– Ајдан Џафероски (2017–2020),
– Беким Мазуки (2020–2024),
– Цветан Селман, кој беше именуван за директор во август годинава, но по трагедијата ја напушти функцијата и се врати на работа во Кочани.

— реклама —

Во постапката е опфатен и инспектор од ДЗС, кому обвинението му припишува пропусти во надзорните постапки.

— реклама —

По воведните зборови на одбраната на раководството на ДЗС, треба да следуваат воведни излагања на обвинетите претставници на Министерството за економија, по што судот ќе премине на разгледување на доказите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 12 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања