Промени тема
Контакт

Одбраната тврди дека трагедијата во „Пулс“ не е последица на градежни пропусти – продолжија воведните излагања во судот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryorpd6vig4530eVzWlni
YouTube/Print Screen

На денешното рочиште за случајот „Пулс“ одбраната на општинските градежни инспектори ја оспори тезата на обвинителството дека нивното непостапување придонело за катастрофата во која загинаа 63 млади животи. Бранителите на обвинетите објаснија дека „причината за трагедијата не произлегува од конструктивни недостатоци на објектот“, туку од други фактори кои не се во надлежност на градежните инспектори. Сите обвинети инспектори уште на почетокот упатија сочувство до семејствата на загинатите.

Адвокат Зоран Зафировски, бранител на седмообвинетиот Огњен Георгиев, истакна дека делото за кое се гони неговиот клиент е веќе во постапка на застарување. Тој нагласи дека одбраната ќе докаже дека објектот не страдал од градежни недостатоци што би можеле да бидат предмет на инспекциска контрола.

— реклама —

Според него, сите промени во објектот биле реновирања изведени од сопственикот без да поднесе пријава, што автоматски го ограничувало просторот за постапување на инспекторот. „Инспекциски надзор не може да се спроведе ако нема поднесок, налог или иницирана постапка,“ потенцираше Зафировски.

Другите инспектори тврдат дека ниту знаеле за кабарето ниту имале надлежност

Бранителот на Љупчо Стаменков, адвокат Јован Танчев, истакна дека неговиот клиент во последните години работел во Скопје и „не можел ни да знае дека во објектот се одвива кабаретска дејност“. Според него, во целиот период додека Стаменков бил вработен во Општина Кочани, „немало ниедна поднесена пријава што би барала инспекторите да излезат на терен“.

— реклама —

Адвокатите сметаат дека обвинителниот акт е „правно неконзистентен“, дека погрешно се применува материјалното право и дека нема докази кои би ја потврдиле вината.

— реклама —

Одбраната на Николчо Коцев: немал налог, немал пријава, немал надлежност

За деветтообвинетиот Николчо Коцев, повторно адвокат Зоран Зафировски објасни дека Коцев никогаш не добил ниту известување, ниту налог, ниту службена пријава за контрола на објектот. Тој потсети дека објектот е граден пред повеќе од 30 години, кога Коцев не бил ни службено лице, а за периодот што се опфаќа со обвинението е изведена само една градежна активност што не претставува промена на намената.

Коцев, обраќајќи им се на семејствата на жртвите, рече:

— реклама —

„– Таа вечер јас бев во болницата и до доцна во ноќта помагав. Тоа не е момент што можам да го заборавам и го носам со мене. А, денеска сум обвинет за нешто што не сум го сторил и никогаш не било во моја надлежност.“

Тој додаде дека работел исклучиво во рамките на законските овластувања и очекува судот „да ја препознае разликата меѓу виновник и жртва на системска слабост“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања