Промени тема
Контакт

Новo супервештачење ќе утврдува што се случувало во домот на Илијевска која ги усмрти сопругот и свекоротво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-11-28-at-21.38.06

Основниот суд во Куманово одобри барање за дополнително супервештачење од Клиниката за психијатрија во случајот против Вангелица Илијевска – жената обвинета дека минатата година ги усмрти сопругот и свекорот во нивниот дом во Кратово.

— реклама —

Одлуката следува по иницијатива на обвинителството, кое смета дека новото стручно мислење треба да ги расчисти сите нејаснотии и разлики што произлегоа од претходните психијатриски вештачења изработени на барање и на обвинителството и на одбраната.

Обвинителот Газменд Мехмеди укажа дека досегашните експертизи содржат пропусти и неусогласени заклучоци, поради што е потребно ново, заокружено мислење за психичката состојба на обвинетата во моментот на делото.

— реклама —

Одбраната, преку адвокатот Кристијан Георгиевски, истакнува дека и двата досегашни извештаи посочуваат на исто – дека Илијевска живеела во долгогодишен семеен конфликт и чувство на загрозеност, што довело до афективна реакција и уверување дека се брани од опасност по живот.

— реклама —

Судијата оцени дека во деталите околу самото извршување на делото постојат противречности, па затоа е потребно дополнително супервештачење со цел да се избегнат различни правни толкувања и евентуални пропусти.

Обвинителството ја терети Илијевска за убиство по член 123 од Кривичниот законик, додека одбраната тврди дека таа дејствувала во нужна одбрана.

Следното рочиште ќе се одржи во февруари следната година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp34a6q95puntf3E92gM

За жената која малтретира туристи кои ја посетуваат кратовска Куклица има обвинение, се поднесуваат и нови пријави, но ништо не ја спречува „бизнисот да си тера“

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-library7ar87jc9i73006opR3P

Општина Кратово со обвинувања за жената што се расправаше со посетители: Кај Куклица има бесправна наплата, заплашување и узурпација

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryp34a6q95puntf3E92gM

(Видео) „Ми се закани дека ќе ми ја изгребе колата“ – сведоштва за инциденти кај локалитетот „Куклица“ во Кратово

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjlmrdiutfofd23SxeA5

Жена од Кратово се обидела да нападне вработена во Центарот за социјални работи

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања