Промени тема
Контакт

Екс-градоначалникот Ратко Димитровски во судницата во Идризово: „Реагирав уште во 2012, но институциите молчеа“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryj6vi8s9mk6kv7Qen62N
YouTube/Print Screen

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, ја отфрли вината. Во своето воведно обраќање тој рече дека е шокиран што по повеќе од една деценија се наоѓа на обвинителна клупа и дека, како што рече, „не може некој невин да го носи товарот наместо вистинскиот одговорен“.

Во судницата ја даде следнава изјава, која ја пренесуваме дословно:

„Изненаден сум. Никогаш, ама никогаш не би помислил дека ќе застанам на обвинителна клупа за функција што сум ја вршел пред 13 години. Не постојат заменски обвинети. Не може некој невин да одговара за друг.“

— реклама —

Тврди дека предупредил уште пред отворањето на „Пулс“

Димитровски пред судот откри дека во октомври 2012 година, уште пред дискотеката официјално да почне со работа, испратил допис до Министерството за економија барајќи информации за дозволата на објектот.

„Кога дознав дека ќе се отвора дискотека, на 19.10.2012 година се обратив до Министерството: ’Ве молиме да не информирате дали му е издадена или ќе му биде издадена дозвола за тој објект‘. Јас сум единствен во Македонија кој го направил тоа, иако сум немал надлежност. На тој допис до денес немам добиено одговор,“ изјави тој.

— реклама —

Тој дополнително наведе дека на 5 ноември 2012 година општината официјално го информирала сопственикот Дејан Јованов дека парцелите во близина на објектот не можат да се користат како паркинг, бидејќи тоа не е предвидено со важечкиот ДУП.

— реклама —

„Не смее да се изостават оние што требало да бидат обвинети“

Екс-градоначалникот истакна дека во целиот процес има пропусти и дека, според него, дел од одговорните лица не се опфатени со обвинението.

„Каква правда може да се очекува ако се изостави и само еден човек кој требало да биде обвинет, а се обвинуваат луѓе кои не се виновни?“ рече Димитровски пред присутните роднини на жртвите и судскиот совет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7n3jh7q76f4jdqiQeON

По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“, семејствата повторно на улица: „Да не чекориме сами“

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library3g215d1o5jh24gvHdgE

(Видео) Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани: „Ќе нè потсетува на болката и трагедијата“

Македонија | пред 1 ден

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Газда Деко може да остане во притвор најдоцна до 3 октомври, потоа следуваат други мерки

Македонија | пред 4 дена

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

Во „Пулс“ немало противпожарна инспекциска контрола од 2012 година

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања