Промени тема
Контакт

Обвинетите не се изјаснија за вина, рочиштето за трагедијата во „Пулс“ беше одложено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarys1h0g4cqrbkn48PL7Be

Второто рочиште од судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади лица, не донесе напредок во постапката. Наместо обвинетите да се произнесат дали се чувствуваат виновни, постапката беше стопирана поради сериозни забелешки од одбраната.

— реклама —

Адвокатите на обвинетите остро реагираа дека Обвинителството извршило спојување на првичното обвинение со она поднесено против сопственикот на фирмата задолжена за обезбедување на дискотеката, а новиот „интегриран“ документ никогаш не бил доставен до лицата што се товарат за трагедијата. Според нив, со спојувањето се изменила содржината, доказите биле измешани и обвинетите не знаат што точно се става на нивен товар.

— реклама —

„Ние во судница ја примивме таа интегрирана верзија, но никој од обвинетите ја нема. Тие не можат да се изјаснат за вина за документ што не го виделе. Дел од луѓето се во притвор, дел во куќен притвор — треба да знаат за што се обвинети“, рече адвокатот Звонко Давидовиќ.

Сличен став изнесе и адвокатот Петре Шилегов, оценувајќи дека ваквиот пропуст на Обвинителството е неприфатлив не само за судот и одбраната, туку и за семејствата на загинатите. „Ако продолжи ваков пристап, правдата ќе остане недостижна. Целта е виновните да одговараат, а невините да бидат ослободени, но со хаос во обвинението тоа е невозможно“, порача Шилегов.

— реклама —

Иако обвинителите тврдеа дека суштински промени во обвинението нема и дека рочиштето може да продолжи, судијката Дијана Груевска Илиевска ги прифати барањата на одбраната. Таа одлучи изјаснувањето за вина да се одложи, а денешното рочиште да се искористи за разгледување на побарувањата за отштета на семејствата на жртвите.

— реклама —

Родителите повторно беа присутни во судницата и изразија задоволство од начинот на кој судијката го води процесот. „Повеќе од осум месеци живееме во агонија. На првото рочиште почувствував искра надеж. Сакаме само правда за нашите деца“, истакна Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања