Промени тема
Контакт

Михаил: „Ја изгубив Бојана, го изгубив пријателот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library5a726e6tnk13dKOtx6T
YouTube/Print Screen

На денешното рочиште за трагедијата во „Пулс“, адвокатката на обвинетиот Михаил Јованов, Ивана Гоцева, изјави дека обвинителниот акт против нејзиниот клиент е правно неоснован и дека Обвинителството не приложило ниту еден доказ што укажува на негова конкретна улога во настаните.

Гоцева оцени дека обвинението е во спротивност со основните принципи на кривичната постапка, нагласувајќи дека товарот на докажување секогаш е на страна на обвинителството.
„Одбраната нема обврска да докажува невиност. Но во оваа ситуација сме ставени во позиција да го правиме токму тоа,“ рече таа, укажувајќи дека се очекува судот да одлучи по начелото in dubio pro reo ако нема докази за вина.

— реклама —

Според Гоцева, единствената причина поради која Јованов се најде меѓу обвинетите е неговата семејна поврзаност со сопственикот на клубот – Дејан Јованов.

Одбраната тврдеше дека Обвинителството ја довело јавноста во заблуда со селективно споделување дел од доказите, што – според Гоцева – дополнително го оптоварило Михаил, кој веќе се справувал со сериозни психички последици. Таа потсети дека Јованов ја загубил својата партнерка Бојана и најблизок пријател во трагедијата и дека по настанот работел со стручен тим за да ги надмине суицидните мисли.

— реклама —

Одбраната: Нема докази дека учествувал во работата на клубот

Одбраната наведе дека во периодот од 2020 до 2025 година нема ниту еден показател дека Михаил бил вмешан во работењето на правното лице.

Според доставените податоци, тој:

  • од 2017 до 2021 година бил редовен студент на УКИМ и живеел таму,

  • по студиите отворил сопствена фирма „Карго бит ДООЕЛ Кочани“,

  • не бил ниту сопственик ниту управител во клубот,

  • не добил никакви овластувања од неговиот татко да презема дејствија во име на фирмата.

Гоцева истакна дека самото присуство во клубот не го прави лице одговорно за работата на објектот, ниту го става под каква било законска обврска да презема мерки за заштита.

— реклама —

Спорно обвинение за „заедничко договарање“

Одбраната реагираше и на второто дело за кое Јованов се товари, кое – според нив – претставува незаконски мултиплицитет, бидејќи станува збор за исто кривично дело. Според обвинението, Михаил наводно учествувал во организирањето на настан во клубот и заедно со други лица договорил употреба на пиротехника.

Гоцева категорично негираше дека тој имал било каква улога во тоа, истакнувајќи дека не бил присутен кога пиротехниката била внесена, ниту бил обврзан да знае за тие активности.

— реклама —

Видео-докази: на работа до по полноќ

Одбраната најави дека ќе приложи видео-снимки од надзор кои, според нив, потврдуваат дека на 15 март 2025 година Михаил бил во својата фирма, а во клубот влегол дури по 2 часот и 5 минути по полноќ – по настанот.

„Прашањето е едноставно: кое дејствие го презел за да се загрози безбедноста и да настане пожар?“ рече Гоцева, заклучувајќи дека за членовите на обвинението не се исполнети основните елементи на кривично дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5jtjd07rgr419JapC03

Калајџиев за новата истрага против Дејан Јованов: Ако е отворена само за да се изигра рокот за притвор, тоа е злоупотреба на правото

Коментари | пред 13 часа

— реклама —
media-librarye10v3atee0gj3PS82WL

„Не сум изненадена, но сум вознемирена, новата истрага е конструкција“, вели адвокатката на Деко

Македонија | пред 2 дена

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Кривичен образложи зошто газдата Деко доби нов 30-дневен притвор: опасност од бегство и влијание врз сведоци

Македонија | пред 2 дена

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Определен 30-дневен притвор за газдата Деко во новата истрага за поткуп

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања