Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Не забораваме, не отстапуваме“: На 6 јуни ќе се одржи 45. Марш на ангелите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
kocani-puls-protest-4

Во сабота, на 6 јуни, во Кочани ќе се одржи 45. „Марш на ангелите“, во организација на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, формирано од семејствата на настраданите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Маршот ќе започне во 18:05 часот од Паркот на Револуцијата во Кочани, а учесниците ќе се движат кон Трговскиот центар, УЈП, Полициската станица, Основниот суд и ќе завршат пред спортската сала „Кочански ангели“.

— реклама —

Од здружението порачуваат дека повторно ќе чекорат во спомен на 63-те загинати, за повредените и за семејствата кои, како што наведуваат, секојдневно живеат со последиците од трагедијата.

— реклама —

„Повторно ќе чекориме. Не затоа што времето ја намалува болката. Туку затоа што љубовта не престанува, а правдата не смее да чека“, наведуваат од Здружението.

Тие додаваат дека маршот е повик за одговорност и за целосно расветлување на трагедијата.

— реклама —

„Овој марш е за сеќавање. За одговорност. За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“, стои во повикот.

— реклама —

Семејствата и граѓаните и овојпат ќе маршираат под пораките: „Не забораваме“, „Не отстапуваме“ и „Продолжуваме“.

„Тишината не е заборав. Маршот е нашата сила“, порачуваат организаторите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 1 ден

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryarqnst12t5gobSjvUJO

Дојавувале кога доаѓаат УЈП и МВР во „Пулс“, а добивале очилa и рачен часовник за услугата – девет лица обвинети за поткуп, злоупотреби и фалсификати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања