Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“, презентирани се нови докази за лиценци и елаборати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library5f5tqnksrq4edMLkyjp

Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

— реклама —

Со денешното рочиште продолжи доказната постапка, при што Обвинителството презентираше материјални докази поврзани со работењето на клубот, меѓу кои дозволи, лиценци и елаборати изработени за дискотеката „Пулс“. Според информациите од судницата, документите биле потпишани во присуство на еден од одговорните лица во клубот, Митко Стојанов.

Рочиштето денеска помина во потурбулентна атмосфера од вообичаено, откако обвинетиот Шабан Салиу, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и актуелен министер без ресор, се обидел двапати да паркира на места предвидени за обвинителите и за семејствата на жртвите.

— реклама —

Според информациите од местото на настанот, по расправија со полициските службеници кои го регулирале паркирањето, возилото на крајот било отстрането од неговиот адвокат.

— реклама —

Судењето денеска го следеше и словенечкиот амбасадор во земјава, Грегор Прескер, кој пред неколку недели оствари средба со семејствата на жртвите.

Тој кратко изјавил дека присуствува на процесот бидејќи станува збор за едно од најзначајните судења во јавноста и сакал да види како се одвива постапката.

— реклама —

Доказната постапка продолжува и во наредниот период, а се очекува Обвинителството да презентира дополнителни материјали поврзани со трагедијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 22 часа

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 1 ден

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања