Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Таткото на загинатата Надица со остра порака до адвокатката нa Деко: Кога кажавте дека тој е човек а не монструм беше најболна реченица досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryfp5vj1n9ak0i9uUU1ss

Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата во „Пулс“, остро реагираше на јавната изјава на адвокатката на обвинетиот сопственик на објектот, Дејан Јованов-Деко, оценувајќи дека повикувањето на сочувство и емпатија е во целосна спротивност со зборовите што таа претходно ги упатила пред родителите на жртвите.

— реклама —

Наунов потсети на изјави дадени за време на судењето, кога, како што наведе, адвокатката јавно тврдела дека обвинетиот требало да одговара за небрежност, а не за тешки кривични дела, дека немал свест за своите обврски, како и на, за родителите, најболната реченица: „За вас тој е монструм, а за мене е обичен човек“.

„Тоа беше кажано директно пред нас – родители кои ги погребаа своите деца. Тоа не е емпатија, тоа е суровост“, истакна Наунов, оценувајќи дека денешните тврдења за злоупотреба на ликот на адвокатката претставуваат не само неточност, туку и потценување на интелигенцијата на семејствата на жртвите.

— реклама —

Тој нагласи дека на транспарентите од протестот не била препознаена само една личност и дека повеќе луѓе имале физичка сличност со прикажаниот лик, но никој друг не реагирал ниту ја толкувал пораката како личен напад. „Ние семејствата никого не спомнавме по име, ниту напаѓаме. Се бориме за вистината и за животите што ги загубивме“, порача Наунов.

— реклама —

Во својата реакција, тој се осврна и на обидите, како што рече, да се заштити угледот на правната професија, истакнувајќи дека истиот не го нарушуваат родители кои бараат правда, туку релативизирањето на одговорноста на лице кое, според обвинението и досега изнесените докази, стои во центарот на нелегален, небезбеден и финансиски нерегулиран објект. „Се работи за лице кое поради профит ги игнорирало безбедносните стандарди, го заобиколувало законот преку мито и корупција, а денес се прикажува како некој што немал свест. Дали сте свесни колку е тоа сурово за родители чии деца таа вечер беа изгорени, задушени, згмечени и отруени?“, рече Наунов.

Претходно, адвокатката Ивана Коцевска, бранител на прво и третообвинетиот во предметот „Пулс“, излезе со јавно соопштение поради, како што наведе, употребата на нејзиниот лик на транспарентите што ги носеа учесниците на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани.

— реклама —

Во реакцијата, Коцевска наведува дека досега се воздржувала од јавни настапи од почит кон болката на родителите, но дека по поднесувањето кривична пријава за настани кои ги оцени како вандализам од 17 март 2025 година, повеќе немала простор за молк. Таа тврди дека нејзиниот лик бил злоупотребен и фотомонтиран на начин што, според неа, го нарушува не само нејзиниот личен углед, туку и угледот на адвокатската професија во целина, поради што апелира до надлежните институции да реагираат во заштита на професионалниот и личниот интегритет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynum1d1tv74m54z5PkNz

(Видео) „63 животи, 63 вечни спомени“ – започна повикот за донации за меморијалниот парк „Патека на бесконечноста“ во Кочани

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library4iegonp54vdg9F3J0tH

Густ црн чад се издигна над Кочани: Изгореа автобуси, гаражи и канцелариски простории

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryk82p3pom8jj8bGCiQjx

Гетеборг и Кочани – две трагедии, 126 згаснати млади животи и заедничка болка

Македонија | пред 2 седмици

Kocani-960x540-1

ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Кочани - Дом за стари лица, реконструкција на булевар и стипендии за студенти

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања