Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, уште потресни сведоштва од денешното рочиште за „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-librarym03jfcgescoj6h3izlG
YouTube/Print Screen

На денешното судско рочиште за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, одекнаа и други потресни сведоштва од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот на 16 март, кога животите ги загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.

Во судницата сведочеше Габриела Наунова, мајка на починатата Надица Наунова. Таа раскажа дека додека ја барала ќерката, а во обид да помогне на заглавените деца, кршела ѕид за да направи отвор кон тоалетот.

— реклама —

„Во тој момент ми подадоа едно девојче. Очињата ѝ беа отворени. Беше тоа мојата Надица“, рече Наунова, видно вознемирена.

Претходно, како што посочи, побарала помош од полициски службеник, а тој ѝ одговорил: „Не сум обучен јас за ова“.

— реклама —

Надицa била пренесена во болница, каде што, според раскажувањето, здравствен работник им рекол дека успеале да ѝ го вратат пулсот. Мајката сепак успеала накратко да ја види.

„Лежеше мртва на креветот, сама, без никого до неа… Многу е тешко да си го гледаш сопственото дете мртво!“, кажа таа.

Поради силните емоции и солзите што одекнаа во судницата, сведочењето беше привремено прекинато. Кога се врати, Наунова додаде дека од тој момент понатаму речиси ништо не памети — освен дека Надица била без изгореници и дека „парфемот сѐ уште ѝ мирисал“.

— реклама —

На рочиштето сведочеше и Ивана Минова, мајка на 16-годишната Драгана.

„Беше тешко да се гледа како млади деца се борат за своите животи. Некои од нив беа без облека. Излегов, го видов сопругот како седи до мојата ќерка. Беше со облека, се израдував, мислев дека е само онесвестена.“

— реклама —

Драгана била пренесена во болница, но таму следеле нови болни моменти.

„Во ходникот на Брзата помош лежеа мртви деца. Насекаде крв, мирис на изгорени тела. Мислев дека Драгана ќе ги отвори очите. Лежеше на подот. Ја однесоа. Но, не на Одделение, туку ја насочија кон мртовечницата. Драгана отиде на концерт, а ни ја вратија во сандак“, сведочеше Минова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryirk9uj09chmu2e8ssZU

(Видео) „Вие имате право на одбрана, нашите деца немаа право на втора шанса“: Таткото на Надица Наунова по судењето за „Пулс“

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library6qjfqdevu3o39AJNWkz

Полицајците од Пробиштип не знаеле дека ќе учествуваат во контрола на дискотеката „Пулс“, тврди сведок на судењето

Македонија | пред 1 ден

IMG_5572

„Стручна самодисквалификација“: Марковски ги оспори наодите на вештакот на одбраната, Деко предложил 16 сведоци, меѓу нив и неговата ќерка

Македонија | пред 2 дена

IMG_5515

Родителите на загинатите во „Пулс“ реагираат на барањето на Шилегов: Случајот не може да се споредува со други предмети

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања