Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Системски пропусти и човечка трагедија: продолжува процесот за пожарот во „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryeu09uf1rl8j36Vf3zOF
YouTube/Print Screen

Со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените, денеска во судницата во Идризово продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која на 16 март 2025 година животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

— реклама —

Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која во меѓувреме беше избрана за член на Судскиот совет.

На последното рочиште, одржано во декември, судницата беше исполнета со тишина прекинувана од солзи, тешки воздишки и болни лелеци на семејствата на загинатите. Мајките, со гласови скршени од тагата, сведочеа за ноќта по која нивниот живот неповратно се променил. Обвинетите молчеа, со наведнати глави, додека сведоците низ солзи и празни погледи зборуваа за загубата и болката што не стивнува.

— реклама —

Во воведното излагање, обвинителот Борче Јанев истакна дека судењето претставува чекор кон утврдување и на лична и на институционална одговорност. Тој нагласи дека општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не ја извршил својата должност за да се спречи трагедијата. Според него, не е клучно само прашањето кој го запалил огнот, туку и кој имал моќ да го спречи, а не го сторил тоа. Јанев оцени дека пожарот не е последица исклучиво на употребата на пиротехника, туку резултат на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и отсуство на контрола, што дискотеката „Пулс“ ја претвориле во смртоносна стапица.

Обвинителот подвлече дека целта не е одмазда, туку правда како последица на незаконито постапување и занемарување на службената должност. Повеќемина обвинети, преку своите бранители, ја оспорија основаноста на обвинението, тврдејќи дека не презеле дејствија што би можеле да доведат до пожарот, дека поседувале валидна документација и дека трагедијата е резултат на институционални, а не на индивидуални пропусти. Одбраната најави изведување докази и сведоци со кои, според нив, ќе се потврди оваа теза.

Во воведниот збор, одбраната на првообвинетиот, сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов, истакна дека и по девет месеци поминати во притвор не може да поверува во трагедијата и дека, како родител, никогаш не би дозволил небезбедни услови во објектот. Неговиот син, третообвинетиот Михаил Јованов, преку одбраната наведе дека против него не постои ниту еден материјален доказ и дека е обвинет исклучиво поради тоа што е член на семејството Јованови.

Сите останати обвинети изјавија дека не чувствуваат вина за делото што им се става на товар.

Пожарот во „Пулс“ избувна за време на настап на музичката група „ДНК“, при што пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Во објектот имало значително повеќе посетители од дозволеното, меѓу кои и малолетници. Според обвинението, дискотеката со години работела незаконски, без исполнети минимално-технички услови, со извршени реконструкции без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryifv5pfs81l8ocrmct2t

Продолжен краткотрајниот притвор за Стојанче, осомничен за самоубиството на мајката и детето: се вештачат телефони и се анализираат снимки

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys3droijois4v65fZo5A

Деко се жалеше само дека душекот не му е добар, а не на нечовечко однесување, извести кумановскиот затвор

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynjo5p5396d1d9NYvbg3

Скопјанец ќе одговара за ширење омраза кон македонската држава и идентитет: го поттикнал бугарски државјанин за да поттикнува насилство

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhgglr9iubkt7bpz1uBM

Против Стојанче, сопругот на починатата Ивана, се воделе повеќе постапки во Обвинителството

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања