Во изјавата тој вели дека формално-правно во отказот му пишува дека изостанал три работни дена
Долгогодишниот невролог, доктор Мирослав Гроздановски, кој пред еден месец ја фотографираше погрешно испишаната табла за „дерматовенерологија“ во поликлиниката „Букурешт“, а која подоцна осамна на социјалните мрежи и предизвика јавен потсмев, заработи отказ на три години до пензионирањето,објави Слободен печат.
Како што пишува медиумот, сомнежот на докторот е дека токму тоа што го обелоденил навидум наивниот настан со погрешно испишаната табла, претставувало основа да биде отпуштен од работа.
Во изјавата тој вели дека формално-правно во отказот му пишува дека изостанал три работни дена.
„Дојдов во ’Букурешт‘ додека бев на одмор во петокот и бев блокиран, не можев да влезам во системот. Веќе ме префрлиле на ’Бит Пазар‘. Од понеделникот, се разбира, не отидов на ’Бит Пазар‘ и веднаш ми дале отказ и ме одјавија, така што сега сум невработен доктор специјалист по неврологија на три години пред пензија“, рече докторот.