Долгови од над 7 милиони денари ја блокираа ФК Победа: Градот не може да користи буџетски средства за покривање на долгови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Спорт
media-libraryf8arlrd9520qdTdKREm

„Општина Прилеп со големо жалење ја прими веста за одлуката на раководството на ФК Победа за повлекување на сениорската екипа од натпреварувањето во Втората македонска фудбалска лига. Како институција која е секогаш посветена на поддршката на локалните спортски брендови, сакаме да ја информираме јавноста дека Општината во ниту еден момент не престана да презема активности за спас на клубот, но во тој процес се соочи со сериозен и континуиран недостиг на соработка од страна на мнозинските сопственици. Иако локалната самоуправа постојано иницираше дијалог за изнаоѓање долгорочно решение, сопственичката структура не покажа подготвеност за заедничко делување, одбивајќи да постави легитимни органи на управување и извршен директор, што практично го доведе клубот во состојба на функционална парализа“, велат од Општина Прилеп

— реклама —

„И покрај ваквиот однос, Општина Прилеп покажа искрена желба за помош преку донесување одлука за еднократна финансиска поддршка во износ од 1.000.000,00 денари. Сепак, нејзината реализација беше законски оневозможена првично поради распишувањето на изборниот процес, а потоа и поради алармантната состојба со блокираната сметка на клубот која е резултат на долгогодишно недомаќинско работење. Официјалната документација која ние можеме да ја видиме открива разорен вкупен долг кон Управата за јавни приходи во износ од над 7.000.000,00 денари, кој вклучува неплатени придонеси за вработени во висина од 496.636,00 денари, неплатен ДДВ од 410.606,00 денари, долг за данок на добивка од 2.167.762,00 денари и персонален данок во износ од 1.986.538,00 денари. Тоа е долг само кон УЈП, не можеме да претпоставиме колкав е долгот спрема други приватни и државни субјекти. Исплатата на средства од Општина Прилеп секако немаше да може да се искористат за клубот, туку ќе завршеа во исплата на некои долгови на фирмата сопственик на клубот Победа.

— реклама —

Општината не смее и нема да дозволи буџетските средства на граѓаните да завршат како соучесник во покривање на вакви долгови, особено по сознанијата дека службени средства на клубот биле ненаменски трошени за уплати во казина, обложувалници и приватни потреби. При актуелната сопственичка структура, каде приватниот капитал поседува целосно мнозинство од акциите, одговорноста за финансискиот колапс и правниот вакуум е исклучиво кај сопствениците кои избраа пасивност наместо соработка со градот. Нашата заложба за спас на ФК Победа останува непроменета, но единствениот пат напред е преку целосен и транспарентен увид во целокупното финансиско работење, бидејќи само на здрави и чесни основи можеме да го вратиме достоинството на овој клуб.

— реклама —

Општина Прилеп стои на располагање за помош, но средствата на граѓаните нема да дозволиме да се трошат за трошоци кои немаат врска со спортот, а Општината секогаш да биде дежурен виновник. Нашата желба за спас на прилепската гордост останува искрена и силна. Сепак, за каков било понатамошен чекор, Општината бара итен и целосен увид во целокупната финансиска документација и состојба на клубот. Победа мора да продолжи на здрави основи, со чиста сметка и транспарентно управување, бидејќи само така ќе го зачуваме достоинството на клубот и на нашиот град“, додаваат од општина Прилеп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

Ексдиректорката на прилепската болница исплаќала пари преку фиктивни налози – со фискални сметки за гориво, ресторани, пицерии и кафеани

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryo5g524an6grpfHsUH5W

(Видео) Објавени снимки како е ограбен тутунар од Прилеп: „Ова не е кражба на тутун, туку на месеци труд и иднина“

Настани | пред 1 месец

WhatsApp-Image-2023-12-13-at-17.04.38

Судир меѓу автомобил и велосипед: Велосипедистка со тешки повреди

Македонија | пред 1 месец

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

За благајникот од прилепската болница кој проневерил 244.000 евра Обвинителството бара куќен притвор

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања