Промени тема
Контакт

ДОМ бара итно да се изнајде решение за поранешната фабрика Купрум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
KUPRUM

Општинската организација на Демократската Обнова на Македонија - ДОМ од Ѓорче Петров апелира до премиерот и новата влада во ист контекст и до општината за изнаоѓање конечно решение за локацијата кај поранешната фабрика Купрум.

— реклама —

„Моменталната состојба на оваа локација преставува опасност за жителите кои се во непосредната близина и создава лош имиџ на општината и главниот град Скопје. Во тој контекст како можни решенија на овој проблем ги нудиме следните два предлози на пошироката јавност:

— реклама —

Студентски град - иницијатива која ја поддржавме во изработка на здружението Културно Ехо , и дел од нашата програма за последните локални избори. Можете да ја погледнете на следниот линк: https://issuu.com/.../kuprum_-_rudnik_na__sub_kultura...

— реклама —

Создавање на нов парк на истата површина со кој на ѓорчепетровци и граѓаните на Скопје ќе им се овозможи нова огромно зеленило, катче за уживање, можност за намалување на загадувањето и звучноста, ридонесувајки за зачувување на животната средина.

Општината Ѓорче Петров заслужува проекти кои ќе нудат развој, нејзина модернизација, чиста и здрава животна средина и создавање на услови за првата зелена општина во градот Скопје“, велат од ДОМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања