ДОМ: Да не дозволиме еколошки катастрофи како во Бразил, во рудници со отворен коп!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
brazil

„Изразувајќи длабоко жалење за жртвите од трагичната еколошка катастрофа во Бразил, ДОМ апелира до сите институции и до целата јавност во Македонија, да не дозволиме вакви ужаси да ни се случат во рудници со отворен коп! Нека биде бразилската катастрофа поука за сите „љубители“ на рудници со отворен коп! Ниедно злато, сребро, ни бакар, не се вредни за ова!

— реклама —

Целата светска јавност остана занемена од катастрофата во Бразил, настаната како последица на пукање на рудничка брана, полна со јаловина и токсичен отпад. Рудничка брана со јаловина се добива во рудници со отворен коп, каде во отворени базени се врши лужење или флотација на металични минерални суровини со различни опасни супстанци, за да може да се извлече металот. Во бразилскиот случај тоа е железо, а може да биде злато, сребро или бакар, како што планираат разни инвеститори на рудници во Македонија.

Знаејќи ја техничко-технолошката постапка при експлоатација и преработка на металични минерални суровини, го инициравме носењето на Законот за минерални суровини со забрана за нови рудници со отворен коп, кои употребуваат цијаниди и сулфурна киселина во процесите на лужење или флотација. Собранието го донесе законот и треба сите да сме свесни колку е тоа голема придобивка во толку кревката и нападната од сите страни, животна средина на Македонија“, се вели во соопштението од ДОМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања