Домарот го запалил ѓубрето во дворот на музејот во Охрид ?!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Домарот го запалил ѓубрето за место кое мислел дека е безбедно да се пали оган во дворот на музејскиот комплекс.

— реклама —

Домарот на црквата „Свети Димитрија“ која е лоцирана до црквата Света Бгородица Перивлепта запалил ѓубре кое го собирал околу црквите и галеријата на икони и од тоа се издигал чадот кој се гледа на фотографиите кои утрово беа објавени на интернет - информираат од Завод и Музеј на Град Охрид за „Скопје 1“.

Од управата на институцијата задолжена да го штити културното наследство велат дека излегле на терен и провериле за што се работи и дека ќе превземат мерки вакви самоволни дејствија да не се повторат.

— реклама —

Домарот во црквата не е вработен во „Завод и музеј“ и неговиот ангажман бил регулиран преку Македонската православна црква.

ЌЕ ИСТРАЖИ ЛИ ПОЛИЦИЈАТА  ? !

Колку закони прекршил домарот со палењето оган во двор на музејски комплекс и дали институциите ќе направат истрага за тоа какви последици можело да има ова однесување на лице кое самоволно проценило дека ѓубрето наместо да се транспортира, може да се запали во дворот на црквите и музејот ќе треба да видиме деновиве.

Објектот е под видео надзор и лесно може надлежните институции да видат како се случило да гори оган во дворот на музејот каде се чува наше непроценливо културно налсество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања