Домашен есап на пазар не бива: Мрсни цени за посен Бадник!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zelen-pazar-204775

За да се наполни една скромна бадникова трпеза на граѓаните им се потребни најмалку 3.000 денари. Иако традицијата налага вечерата да биде посна, цените на производите кои вообичаено се наоѓаат на бадниковото мени, и не се така посни. На пазарџиите веќе обичај им е предпразнично да ги билдаат цените, што во услови на намалена куповна моќ на граѓаните, дополнително го отежнува пазарењето Лепче, грав, риба, тиква, туршија, сармички, посни пити и компири, се производите кои речиси секое семејство за Бадник ги поставува на трапезата.

— реклама —

Бадниковата вечера, традиционално се збогатува и со портокали, мандарини, јаболка но и костени и ореви кои вообичаено, секоја година, ден пред Бадник, на пазарите се продаваат со драстично зголемени цени. Па така, ако пред една недела килограм костени чинеше од 100 до 120 денари, вчера на некои пазари се продаваше по неверојатна цена од 200 денари.

Оревите пак, сега чинат 150 денари, иако претходно се продаваа за 80 до 100 денари за килограм. И со набилдани цени, гужвата низ пазарите во речиси сите градови во земјава е очигледна, иако за граѓаните полнењето на торбите веќе станува невозможна мисија. Тие се жалат дека пазарџиите пред Бадник, освен костените, ги зголемиле цените и на зеленчукот и на рибата.

— реклама —

Со фрапантно високи цени на зелените пазари се продаваа и краставиците и доматите чија цена за килограм достигна и до 180 денари, односно 130 денари. Со непроменети цени можеше единствено да се купи овошјето со кое најчесто се честат коледарите. Еден килограм портокал можеше да се купи за 35 денари, мандарините за 50 денари, сувите сливи за 150 денари за килограм а цената на смоквите и урмите се движеше од 35 до 50 денари. На бадниковата трпеза неизбежна е и рибата па така низ рибарниците во Скопје, вчера, крапот се продаваше за 250 денари а мавровската пастрмка за 350 денари за килограм. Во услови на намалена куповна моќ на граѓаните а високи цени, оштетени се и граѓаните и трговците.

Едните оти не можат да си дозволат богата бадникова трпеза, а другите оти регистрираат мала потрошувачка, состојба која се надеваат ќе се подобри за Божиќ кога на трпезата неизбежно е месото. Граѓаните за оваа вечера треба да одвојат многу повеќе од својот џеб. Цената на јагнешкото низ некои месарници веќе достигна цена и до 400 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања