„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
MAD_9172

Денеска на градските гробишта во Бутел, домашни и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од катастрофалниот земјотрес во Скопје во далечната 1963 година.

— реклама —

Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Пред Споменикот цвеќиња положи и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советниците Бранко Георгиевски, Ирена Попова и Бојан Ивановиќ.

— реклама —

Со положување цвеќиња почит на жртвите во земјотресот во Скопје што се случи пред 58 години, дадоа и делегации од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од општините во градот Скопје, претставници од Црвениот крст на град Скопје, претставници од јавните претпријатија и културните установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани, како и делегации од странство во нашава земја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања