Домот „Гоце Делчев“ најави санација на лифтовите – по објавата дека студентите живеат без основни услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library0ruo3hnof3e4aVAg1YK

Од Државниот студентски дом „Гоце Делчев“ – Скопје информираат дека се работи на санација на лифтовите кои во последниот период се соочија со технички дефекти. Од установата наведуваат дека станува збор за посериозни оштетувања, за кои се веќе порачани резервни делови, а во наредниот период ќе бидат санирани двата нефункционални лифта.

— реклама —

Од управата додаваат дека еден од лифтовите во моментов е во функција и дека техничките екипи интервенираат веднаш штом ќе се појави проблем, со цел да не се создаваат дополнителни потешкотии за студентите.

— реклама —

„Нашата цел е до Нова година сите осум лифтови во домот повторно да бидат ставени во функција, како што беа во летниот период. Станува збор за посложени дефекти кои бараат подолг рок за целосна санација“, велат од Државниот студентски дом „Гоце Делчев“.

— реклама —

Скопје 1“ претходно објави сведоштва од студенти од блок Г, кои со недели се жалат дека живеат во, како што велат, „нехумани услови“, бидејќи лифтовите не функционираат. Тие посочија дека секојдневно се качуваат пеш по 13 и 14 ката, носејќи храна и личен багаж, а дека екипите што интервенираат само привремено ги решаваат проблемите. Студентите апелираа до надлежните институции итно да се најде трајно решение за состојбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања