„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Донесен буџетот на Општинa Охрид за 2019 год. истиот тежи 1.040.577.521

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Денес Советот на Општина Охрид ја одржа дваесет и првата седница, последна за оваа година, на која беше донесен буџетот за 2019 година, кој е во висина од 1.040.577.521 денари. Од овие средства 495.277.521 се обезбедени од Владата на РМ, наменети за подмирување на доспеани обврски. Ова е досега најголем основен буџет на Општина Охрид, од кој голем дел, во висина од 52.000.000 денари ќе биде искористен за капитални инвестиции во образованието.

— реклама —

– Во вкупниот буџет 495.277.521 денари се пари од интервенција на Влада во однос на раздолжување на општините. Остатокот од буџетот е расподелен според реалните приходи кои ги има општината. Интенцијата на покојниот градоначалник беше буџетот да е насочен кон образованието и затоа тука се предвидени капитални инвестиции во висина од 46 милиони денари. Средствата кои ќе останат неискористени со следни ребаланси ќе ги насочиме во други области каде ќе има недостаток на средства, истакна в.д градоначалникот Константин Георгиевски.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков потенцираше дека нема измени на предлог програмите во однос на нацрт-верзијата, и дека не се внесени нивните забелешки, па затоа гласале воздржано.

— реклама —

– Ги разбираме тие работи. Тоа се однесува на вонредните околности во кои се најдовме како општина. Ќе инсистираме врз основа на некој ребаланс забелешките да бидат вметнати во тие програми. На Охрид му е потребен развоен буџет во кој ќе има вметнато суштински работи за напредокот на градот, рече Пецаков.

На седницата беа усвоени и предлог – програмите од сите сектори на локалната самоуправа, јавните претпријатија и службите основани од општината, за работа во 2019 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања