„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Донирани органите на младо момче со мозочна смрт, двајца млади пациенти добија шанса за нов живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-03-28-at-11.25.34

На Клиниката за урологија, во раните утрински часови заврши втората од двете трансплантации на бубрег, откако во саботата доцна во ноќта семејството на младо момче со мозочна смрт даде согласност за донирање на органите. Покрај бубрезите, екипата на Клиниката за ортопедија направи експлантација и на коскени ткива.

— реклама —

– Двајца млади пациенти со болест на бубрезите кои беа на дијализа добија шанса за нов живот. Уште неколку пациенти со малигни болести и трауматски повреди, кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, во наредните недели ќе добијат можност да им бидат инплантирани здрави коскени ткива. Благодараност до семејството кое во своите најтешки моменти одлучи да помогне и да спаси друг живот. Сочувствуваме со нивната болка, ја почитиваме нивната одлука и благодариме за тоа што го направија. Во неделите кои се пред нас, неколку пациенти со тешка болест ќе добијат шанса за нов живот, се заблагодари министерот д-р Беким Сали.

Ова е втора трансплантација од почетокот на годинава и 12-та од мај 2020 година, откако Програмата за трансплантација на Министерството за здравство се прошири во делот на мултиорганската трансплантација.

— реклама —

Секоја трансплантација за нас е голем успех затоа што со сето ова што го работиме, полека но сигурно го менуваме системот. Покажуваме колку можеме како лекари да направиме за нашите пациенти, а во исто време и како општество во целина да бидеме попозитивни во поглед на органодонорството. Уште еднаш благодарност до семејството на донорот за нивната хуманост. Благодарност до болничките координатори кои го водеа целиот процес во овие два дена, како и до екипите на клиниките за урологија, нефрологија, трансфузиологија, КАРИЛ, ортопедија, кардиологија, кардиохирургија, рендген и до Министерството за здравство, информира д-р Маја Мојсова Мијовска, национален координатор за трансплантација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања