Промени тема
Контакт

МЗ

dijabetes

Обезбедени сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1, зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија

Министерството за здравство обезбедило сензори за континуирано следење на гликемијата за 800 лица со дијабетес тип 1, а со последната јавна набавка се зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија.Од Министерството информираат дека набавката, склучена во април годинава, важи до април 2028 година. Во мај и јуни биле заменети сите трансмитери согласно со протоколот, а на пациентите им биле распределени сензори за шест месеци, односно до декември 2026 година.Сензорите се наменети

Македонија | пред 4 дена

media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Министрите за здравство на Македонија и Бугарија, Сашо Клековски и Катја Ивкова, денеска во Софија потпишаа план за соработка меѓу двете министерства за периодот од 2026 до 2028 година.Со договорот се предвидува зајакнување на соработката во здравството и медицинските науки, преку размена на информации и искуства, специјалистички обуки, учество на научни и медицински настани, како и реализација на заеднички научни и практични проекти, курсеви и семинари.Приоритетни области ќе бидат примарната и

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Подобра координација меѓу специјалистите и побрз пристап до здравствените услуги за пациентките со заболувања на дојката се очекува со отворањето на мултидисциплинарниот кабинет во Клиничката болница во Штип. Кабинетот денеска го посети министерот за здравство, Сашо Клековски, кој истакна дека ракот на дојката и натаму претставува значаен здравствен предизвик.Клековски посочи дека речиси илјада жени годишно заболуваат од рак на дојка, поради што се неопходни поголема свесност, навремени прегледи

Македонија | пред 2 седмици

media-library6om4tpe1mvjc4HPm79J

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка

Јовица Андовски повеќе нема да ја извршува функцијата заменик-министер за здравство, откако поднесе оставка од лични причини. Во писмото со кое се повлекува од функцијата, тој му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за довербата, поддршката и досегашната соработка.Андовски наведува дека за него претставувало чест и одговорност да биде дел од Владата и да учествува во унапредувањето на здравствениот систем.Во оставката тој им посака успех на премиерот и на останатите членови на Владата

Македонија | пред 2 седмици

media-library8hk53hk2up8fbE9djdJ

Реконструиран оддел од 600 квадратни метри во психијатриската болница во Бардовци

Со вложување од 300 илјади евра е реконструиран одделот „Машки 2“ во Јавната здравствена установа Психијатриска болница – Скопје во Бардовци. Одделот, со површина од околу 600 квадратни метри, го отвори министерот за здравство Сашо Клековски, по повод Светскиот ден на менталното здравје.Клековски посочи дека подобрувањето на условите во психијатриските установи е неопходно, потсетувајќи се на лошите услови со кои се соочил за време на студиите пред четири децении.„Пред четири децении, за време н

Македонија | пред 2 седмици

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Министерството за здравство работи на што побрзо обезбедување на вакцините против сезонски грип, со цел вакцинацијата на ранливите категории граѓани да започне според планираното.Од Министерството информираат дека на тендерот за набавка не пристигнала ниту една понуда, а причината, според нив, е проблем со производството на вакцините на глобално ниво. Оваа година дошло до промена на сите три вирусни соеви што се вклучени во составот на вакцината – два за грип А и еден за грип Б.Поради ажурирањет

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjqna9ljmbk3j6lNFd1M

Стручна комисија за родилката која остана неподвижна по царски рез: Нема лекарска грешка, состојбата на пациентката не е последица од спиналната анестезија

Случајот со Станка Михајлова од струмичкото село Баница, која по породувањето со царски рез остана со тешко нарушена подвижност, доби заклучок од стручната комисија задолжена за надзор над нејзиното лекување. Петчлената комисија не утврдила лекарска грешка, ниту поврзаност меѓу нејзината состојба и примената спинална анестезија.Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија. По извршениот надзор, заклуч

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqbmett2tunng6quPDe7

По повеќемесечно чекање повторно работи единствениот ПЕТ/КТ скенер

По повеќемесечниот застој, единствениот ПЕТ/КТ скенер во земјава повторно започна со работа, со што конечно се отвора можност за реализација на прегледите на пациентите кои долго време чекаат. Од денеска се вршат снимања, а според министерот за здравство Сашо Клековски, за првиот ден се закажани девет пациенти.Нефункционирањето на апаратот особено ги погоди онколошките пациенти, за кои ПЕТ/КТ снимањето е важно за да се утврди дали терапијата дава резултат и дали лекувањето треба да продолжи или

Македонија | пред 2 месеци

media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Лекот „Фостер“ и сродните лекови за ХОББ повторно без доплата за пациентите

Министерството за здравство соопшти дека лекот „Фостер“, кој се наоѓа на Позитивната листа на лекови, повторно ќе може да се подигнува од аптеките без доплата.Како што информираат од Министерството, компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот ги известила дека се направени промени во интерес на пациентите кои го користат овој лек.Почнувајќи од овој месец, осигурениците ќе можат да го подигнат „Фостер“ само со плаќање на законски утврдената партиципација за рецепт, без допо

Македонија | пред 2 месеци

media-library28iajcrl04gh0VunycG

Специјализантите по медицина со рок до 10 август да го пријават интересот за вработување

Министерството за здравство упати јавен повик до сите специјализанти по медицина да го пријават својот интерес за вработување во јавните здравствени установи.Како што информираат од Министерството, целта е да се добијат информации за областите на специјализација и моменталниот статус на вработување, со што ќе се овозможи подобро и навремено планирање на потребниот специјалистички кадар во здравствениот систем.Заинтересираните специјализанти треба да ги пополнат бараните податоци во електронскиот

Македонија | пред 3 месеци

media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Уште 300 приватни специјализанти ќе добијат работа во државното здравство

Владата, на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, донесе одлука со која до крајот на 2026 година ќе се овозможи вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи.Од Министерството за здравство соопштија дека со оваа мерка се вложува во младите лекари и се создаваат услови тие својата професионална кариера да ја продолжат во домашниот здравствен систем.Со новите вработувања се очекува да се намали недостигот од специјалистички кадар, да се зајакнат клини

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf11pf8famcoq6Ka1WpH

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, фокусот е на хепатит А и Е

Министерот за здравство, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција соопшти дека акутната фаза на епидемијата во Гостивар постепено се смирува, но здравствените власти остануваат во состојба на засилен надзор поради можноста од појава на нови заразни заболувања.Тој информираше дека во последните четири дена бројот на нови први прегледи се движел меѓу 80 и 125 дневно, но засега не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се директно поврзани со епидемијата, а колкав претставуваат вообичае

Македонија | пред 3 месеци

bolnica-struga

Во Гостивар вчера прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, нема нови хоспитализации

Бројот на лица кои првпат побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар продолжува да се намалува, соопшти Министерството за здравство.Според официјалните податоци, во текот на 23 јули биле евидентирани вкупно 197 новопрегледани пациенти, што претставува намалување во однос на претходниот ден.Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени 117 нови прегледи. Од нив, 82 биле на Инфективното одделение, каде што немало нови хоспитализации, а тројца пациенти биле

Македонија | пред 3 месеци

apteka-kvoti-lekovi

Лекот „Фостер“ повторно на позитивната листа без доплата, соопшти Министерството за здравство

Министерството за здравство соопшти дека лекот „Фостер“, кој се наоѓа на позитивната листа на лекови, во најскоро време повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата.Како што информираат од Министерството, известувањето е добиено од компанијата што е носител на одобрението за ставање на лекот во промет.„Министерството за здравство е известено од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот ‘Фостер’ дека овој лек повторно ќе биде достапен за пациентите без доплата

Македонија | пред 3 месеци

media-librarymomci6i87vnvfyWU7Ss

240 пациенти чекаат трансплантација: Од 1 октомври граѓаните ќе можат да ја евидентираат својата одлука за дарување органи

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, заедно со националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, ја претстави имплементацијата на нов модул во системот „Мој термин“, преку кој граѓаните ќе можат да ја евидентираат својата одлука дали по смртта сакаат да бидат органодарители. Според најавите, модулот ќе почне да функционира од 1 октомври годинава.Алиу истакна дека со измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување државата нап

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryqi71u4i8r16448b0rsv

„Следната недела ќе биде комплетиран проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила“, најави Алиу

Системот за итна медицинска помош наскоро ќе биде значително зајакнат со набавка на 100 нови амбулантски возила, најави министерот за здравство Азир Алиу.Тој информираше дека проектот е во финална фаза и се очекува целосно да биде реализиран во текот на следната недела. Според него, новите возила ќе придонесат за подобрување на здравствената инфраструктура и ќе овозможат побрзи и посовремени услуги за граѓаните.„Проектот е при крај и очекуваме следната недела да биде комплетирана набавката на 10

Македонија | пред 4 месеци

media-library9mpku9s4etpd1ucbID5

Секој граѓанин со изјава кај матичен лекар сам ќе одлучи дали ќе биде органодарител: Собранието го усвои новиот закон

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, со што се отвора можност секој полнолетен граѓанин лично да се изјасни дали сака да биде органодарител по својата смрт.Законот, кој беше донесен по скратена постапка, доби поддршка од 58 пратеници, додека шест гласаа против. Од Министерството за здравство оценуваат дека со овие измени значително се унапредува правната и институционалната рамка за органодарителство и трансплан

Македонија | пред 4 месеци

media-library4mj581auo24g2N0aRJZ

Не излегувајте на сонце од 11 до 17 часот: Здравствените власти со важни препораки за заштита од високите температури

Поради најавените високи температури, Министерството за здравство, врз основа на препораките на Институтот за јавно здравје, апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од топлото време со цел да се избегнат здравствени последици.Од Министерството препорачуваат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, кога температурите се највисоки.При престој на отворено се советува носење лесна и светла облека, како и заштитн

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymomci6i87vnvfyWU7Ss

„Со учеството во EU4Health се отвораат нови можности за развој и модернизација на здравствениот систем“, најави Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска соопшти дека со потпишувањето на договорот за учество во програмата EU4Health, Македонија направила значаен чекор кон приближување на домашниот здравствен систем до европските стандарди и политики.На прес-конференција, Алиу истакна дека станува збор за најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството, која, како што рече, претставува силна потврда за европската перспектива на државата и за довербата во реформите што се спроведуваат.„С

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryf6aeutsig3pn1Gynj55

(Видео) Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Медицинската сестра Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) упати апел до граѓаните да ја поддржат идејата за органодарителство, нагласувајќи дека секој човек може да биде и потенцијален пациент и потенцијален дарител на органи.Во видео обраќање, објавено во рамки на националната кампања за подигнување на јавната свест за органодарителството и трансплантацијата, Столевска истакна дека дарувањето органи претставува врвен чин на човечност и солидарно

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycm2uhmo5hhfh07gcEQW

Побрзи интервенции и подобра организација: Скопје добива нов самостоен Центар за итна медицинска помош

Владата ја усвои информацијата за формирање Центар за итна медицинска помош Скопје, на предлог на Министерството за здравство, со цел подобрување на системот за итни медицински интервенции и побрз одговор при спасување човечки животи.Од Министерството за здравство информираат дека со оваа реформа ќе се воспостави поефикасен и поодржлив систем за итна медицинска помош, ќе се скрати времето на интервенција и ќе се зајакнат капацитетите на службата.Министерот за здравство Азир Алиу посочи дека издв

Македонија | пред 4 месеци

media-library1bj56kh34it9aPS6ny0

Алиу: Дигитализацијата и отпорноста на здравствениот систем се меѓу нашите приоритети

Скопје денеска е домаќин на 49. пленарна седница на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа (SEEHN), настан што ги обединува претставниците на земјите од регионот со цел унапредување на здравствените политики и зајакнување на регионалната соработка.На отворањето на седницата, министерот за здравство Азир Алиу истакна дека Здравствената мрежа веќе четврт век успешно ги поврзува земјите од регионот околу заедничката цел – подобро здравје и поголема благосостојба за граѓаните.„Здравствената мрежа

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvlu5sp58q6jh2y0oSpx

(Видео) Медицинска сестра Ѓорѓиовска: Зад секоја трансплантација стои тим посветен на животот

Подигнувањето на свеста за значењето на органодарителството и трансплантацијата останува еден од клучните предизвици во здравствениот систем, а медицинските работници апелираат за поголема поддршка од граѓаните за овој хуман чин.Во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за донирањето органи, медицинската сестра Каролина Ѓорѓиовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) ја истакна важноста на трансплантацијата како можност за спасување и продолжув

Македонија | пред 4 месеци

media-librarymdmhndj0h9bsdRFH2C5

Алиу: Здравјето нема цена и нема алтернатива – Законот за заштита од употреба на производи од тутун помина во прво читање на пленарна седница

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи помина во прво читање на пленарна седница во Собранието, што според министерот за здравство Азир Алиу претставува значаен чекор кон посилна заштита на јавното здравје и создавање побезбедна средина за граѓаните.„Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор“, истакна Алиу.Тој п

Македонија | пред 4 месеци

media-librarycm2uhmo5hhfh07gcEQW

„Лицата со траен инвалидитет нема повеќе да се влечат по комисии на секои шест месеци“, најави Алиу

Лицата со трајни здравствени оштетувања повеќе да не бидат принудени на секои шест месеци или една година да одат на нови прегледи за да го остварат правото на туѓа нега – ова е целта на промените што ги најави министерот за здравство, Азир Алиу.Тој истакна дека во оваа фаза нема потреба од измени на законите, бидејќи постојната законска рамка веќе овозможува признавање траен инвалидитет. Според него, проблемот е во практичната примена и работењето на лекарските комисии.„Работната група меѓу две

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања