Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Министрите за здравство на Македонија и Бугарија, Сашо Клековски и Катја Ивкова, денеска во Софија потпишаа план за соработка меѓу двете министерства за периодот од 2026 до 2028 година.

— реклама —

Со договорот се предвидува зајакнување на соработката во здравството и медицинските науки, преку размена на информации и искуства, специјалистички обуки, учество на научни и медицински настани, како и реализација на заеднички научни и практични проекти, курсеви и семинари.

— реклама —
— реклама —

Приоритетни области ќе бидат примарната и специјализираната здравствена заштита, болничкото лекување, превенцијата и контролата на заразните и незаразните болести, епидемиолошкиот надзор, медицинската статистика, справувањето со вонредни состојби и електронското здравство.

— реклама —

Планот се темели на принципите на еднаквост, реципроцитет и заеднички интерес, а целта е подобрување на квалитетот и зголемување на достапноста на здравствените услуги за граѓаните на двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dijabetes

Обезбедени сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1, зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Македонија | пред 3 седмици

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjqna9ljmbk3j6lNFd1M

Стручна комисија за родилката која остана неподвижна по царски рез: Нема лекарска грешка, состојбата на пациентката не е последица од спиналната анестезија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања