Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Обезбедени сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1, зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
dijabetes

Министерството за здравство обезбедило сензори за континуирано следење на гликемијата за 800 лица со дијабетес тип 1, а со последната јавна набавка се зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија.

— реклама —

Од Министерството информираат дека набавката, склучена во април годинава, важи до април 2028 година. Во мај и јуни биле заменети сите трансмитери согласно со протоколот, а на пациентите им биле распределени сензори за шест месеци, односно до декември 2026 година.

— реклама —

Сензорите се наменети за лица со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени, слепи лица, како и пациенти со најтешки компликации и придружни заболувања. Тие ги подигнуваат помагалата во инсулинските аптеки, согласно со утврдениот режим.

Од Министерството посочуваат дека со оваа мерка, во рамките на расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти, со цел да се овозможи континуирано следење на нивото на гликемија и подобра контрола на болеста.

— реклама —

Сензорите за континуирано следење на гликемијата за првпат биле обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со набавката во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството најавува дека ќе продолжи со активностите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес и соработката со пациентските организации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Македонија | пред 1 седмица

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjqna9ljmbk3j6lNFd1M

Стручна комисија за родилката која остана неподвижна по царски рез: Нема лекарска грешка, состојбата на пациентката не е последица од спиналната анестезија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања