Промени тема
Контакт

Лекот „Фостер“ и сродните лекови за ХОББ повторно без доплата за пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library6crepiukitpr8lAKRxC
unsplash

Министерството за здравство соопшти дека лекот „Фостер“, кој се наоѓа на Позитивната листа на лекови, повторно ќе може да се подигнува од аптеките без доплата.

Како што информираат од Министерството, компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот ги известила дека се направени промени во интерес на пациентите кои го користат овој лек.

— реклама —

Почнувајќи од овој месец, осигурениците ќе можат да го подигнат „Фостер“ само со плаќање на законски утврдената партиципација за рецепт, без дополнителни трошоци.

— реклама —

Истото важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).

— реклама —

Од Министерството за здравство посочуваат дека продолжуваат со активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања