Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Следната недела ќе биде комплетиран проектот за набавка на 100 нови амбулантски возила“, најави Алиу

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryqi71u4i8r16448b0rsv

Системот за итна медицинска помош наскоро ќе биде значително зајакнат со набавка на 100 нови амбулантски возила, најави министерот за здравство Азир Алиу.

— реклама —

Тој информираше дека проектот е во финална фаза и се очекува целосно да биде реализиран во текот на следната недела. Според него, новите возила ќе придонесат за подобрување на здравствената инфраструктура и ќе овозможат побрзи и посовремени услуги за граѓаните.

— реклама —

„Проектот е при крај и очекуваме следната недела да биде комплетирана набавката на 100 нови амбулантски возила, кои ќе претставуваат значајно унапредување на здравствениот систем и ќе овозможат нудење услуги во реално време“, изјави Алиу.

Министерот посочи и дека Владата го разгледува моделот за издвојување на Првата помош како самостојна институција во Скопје, со цел зголемување на ефикасноста на итните здравствени интервенции.

— реклама —

„Доколку овој модел се покаже како успешен, ќе се разгледа можноста за негово проширување и во други здравствени установи“, рече Алиу.

Според министерот, планираните реформи имаат за цел да обезбедат побрза и поквалитетна здравствена услуга, како и натамошна модернизација на системот преку нова инфраструктура и дигитални решенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dijabetes

Обезбедени сензори за гликемија за 800 лица со дијабетес тип 1, зголемени и количините на инсулинска и антидијабетична терапија

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library6b7i8j46cm5u9P1a6C1

Клековски и бугарската министерка за здраство договорија здравствена соработка до 2028 година: заеднички проекти, обуки и размена на експерти

Македонија | пред 1 седмица

media-librarys90tb8fde4dnadEnjc0

Отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките во Клиничката болница во Штип

Македонија | пред 2 седмици

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Нема понуди на тендерот за вакцини против грип, Министерството за здравство очекува да бидат обезбедени во текот на месецов

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања