Промени тема
Контакт

Реконструиран оддел од 600 квадратни метри во психијатриската болница во Бардовци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library8hk53hk2up8fbE9djdJ

Со вложување од 300 илјади евра е реконструиран одделот „Машки 2“ во Јавната здравствена установа Психијатриска болница – Скопје во Бардовци. Одделот, со површина од околу 600 квадратни метри, го отвори министерот за здравство Сашо Клековски, по повод Светскиот ден на менталното здравје.

— реклама —

Клековски посочи дека подобрувањето на условите во психијатриските установи е неопходно, потсетувајќи се на лошите услови со кои се соочил за време на студиите пред четири децении.

— реклама —

„Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот.

Од Министерството за здравство информираат дека со болницата е договорено во основниот буџет да се предвидуваат средства за континуирана реконструкција, со оглед на тоа што психијатриските установи со децении работеле во несоодветни услови.

— реклама —

Претходно биле реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница во Негорци, како и дел од Клиниката за психијатрија во Скопје. Следна е реконструкцијата на Психијатриската болница во Демир Хисар.

Мерките за унапредување на менталното здравје не се ограничуваат само на подобрување на болничките услови. Од минатата година матичните лекари имаат и превентивна цел за рано откривање депресија кај младите, а Министерството за здравство планира следната година да започне со спроведување проект за отворање центри за ментално здравје на младите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања