Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Досетливи” студенти за кеш ги препродаваат ваучерите за лаптоп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryu9ek0t80tl7g0KPjaH8

Во јавноста се појавија информации дека студенти се обиделе да го изиграат законот со кој им се ветија ваучери за набавка на електронски уред.

Наместо за намената, тие договараат и ги препродаваат и тоа за пониска цена на која им гласел ваучерот.

— реклама —
media-library3vakir52cvqj6XCtewC

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека проектот бил ветен и реализиран, а на совеста на студентите е како ќе постапуваат со ваучерите.

— реклама —

„Ваучерите им беа ветени на студентите и вообичаено она што сме ветиле, ние и го остваруваме. Има досетливи студенти кои на разно-разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме. Се справуваме со тоа што во образовниот систем внесуваме нови вредности, нови програми, нови теми за обработка. Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите”, вели Јаневска.

Јаневска на „Фејсбук“ објави дека 55 илјади студенти ќе добијат по 15.300 денари за набавка на електронски уред.

— реклама —
media-libraryc4mvvml92n7ceyspSPL

Оваа мерка е наменета зa сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.

— реклама —

Со ова, велат од Владата материјално се помага на студентите и нивните семејства, а воедно се овозможува и пристап до сега веќе основното орудие за учење – тоа е комјутерот.

media-libraryghl94ikag8l41QyDiry

Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, а подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4r1970ecvqeg8zePiFv

Студентите поднесоа тужба за субвенционираниот оброк, Јаневска вели дека се водат преговори за нов модел

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library5j49gda5if703D2sNtj

Македонските студенти: Победата во Србија покажа дека младите можат да влијаат врз промените

Македонија | пред 2 седмици

media-library0qjt4phj82nl5jIvL31

(Видео) И вечерва се слави во Белград на Славија, без политички говори, но со диџеи и огномет

Свет | пред 2 седмици

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Студентите бараат 200 денари за оброк, Јаневска вели дека максимумот е 147 денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања